Компанијата за крипто безбедност Ledger издаде хардверски Bluetooth паричник

Вчера, 7-ми јануари, компанијата Ledger го откри новиот Bluetooth паричник, според соопштението за печатот.

Паричникот, наречен Ledger Nano X, беше прикажан на конференцијата CES 2019 во Лас Вегас. Во исто време, фирмата објави дека мобилната апликација ќе биде лансирана на 28-ми јануари, овозможувајќи им на корисниците да управуваат со нивните трансакции и да ги проверат своите биланси од мобилен уред.

Ledger Nano X ќе има капацитет за складирање на 100 крипто средства. На крајот на ноември, Ledger Nano S почна да го поддржува altcoin-от Monero (XMR).

Во октомври, големата технолошка компанија Sony објави дека создала бесконтактен крипто-хардверски паричник со користење на паметна технологија на IC. Додека датумот на издавање на производот се уште не е познат, Sony најави дека уредот ќе може да управува со приватни клучеви за чување на приватни информации на блокчејнот, како и управување со крипто средства.

Во текот на летото, Ledger објави дека продал повеќе од 1 милион паричници во 2017-та година, привлекувајќи поголеми технолошки инвеститори како Samsung, подгранокот на Google,GV и Siemens. Компанијата, исто така, отвори канцеларија во Хонг Конг кон крајот на октомври.

Во декември, истражувачкиот тим демонстрираше пријавени слабости што ги пронајдоа во хардверот на Ledger, кој наводно им дозволил да инсталираат било кој firmware во паричникот. Како одговор на ова, Ledger објавија дека ранливостите не се критични, а методите на хакирање предложени од страна на демонстраторите биле непрактични.

Leave a comment