Комитетот на Руската државна Дума размислува за лансирање на stablecoin издадена од Централната банка

Претседателот на Комитетот на Руската Дума во врска со финансиските пазари тврди дека ја разгледуваат можноста за пуштање во употреба на криптовалута поддржана од Руската рубља, јави Руската радио станица Govorit Moskva во петокот, 2-ри ноември.

Говорејќи на прес-конференцијата околу зголемувањето на долгот на домаќинствата, претседателот Анатолиј Аксаков изрази уверување дека владата ќе ја поддржи криптовалутата, “но тоа ќе биде криптовалута поддржана од рубљата”. Претседателот појасни дека имплицираната монета ќе претставува блокчејн stablecoin во константа 1: 1 со рубљата.

Аксаков понатаму го опиша создавањето на stablecoin моделот, наведувајќи дека криптовалутата ќе биде поддржана со банкарски депозит од одредена сума. После тоа, банкарската институција треба да издаде соодветен износ на крипто средства со користење на блокчејн технологија и да се придржува до соодносот 1:1.

Според московскиот весник Mskagency, претседателот објасни дека криптовалутата ќе биде издадена од централната банка, бидејќи е поддржана од fiat валута. Како заклучок, Аксаков истакна дека имплементацијата на блокчејн технологијата во смисла на издавање “крипто-пари” е “ветувачка”.

Кон крајот на октомври, Аксаков тврди дека големите криптоповалути како што се Биткоин (BTC) и Еthereum (ЕТH) се осудени на “мрачна иднина”, бидејќи тие не се поддржани од ништо, додавајќи дека ова е причина за неодамнешниот амандман на Рускиот нацрт закон “за дигитални финансиски средства” со што се отстранува дефиницијата на крипто-фармањето од нивниот домен.

Идејата за лансирање на Руската државна криптовалута наречена CryptoRuble беше објавена во почетокот на 2018-та година, со Руската асоцијација за крипто и блокчејн (RACIB), тврдејќи дека монетата ќе биде лансирана во средината на 2019-та година.

Сепак, неодамна, претседателскиот советник Сергеј Глазиев изјави дека сè уште нема никаква акција по ова прашање, наведувајќи дека постоечките програмски алатки би можеле да овозможат “многу брзо” издавање на криптовалута.

Leave a comment