Колумбискиот претседател вети дека ќе ги намали даноците за закуп за крипто-компаниите

Колумбискиот претседател Иван Дуке неодамна вети дека ќе ги намали даноците за крипто и блокчејн стартапи, објави локалниот весник El Tiempo во средата, 29-ти август.

Дуке испрати порака за време на отварањето на ANDICOM, меѓународен конгрес за информатичка и комуникациска технологија (ICT), кој се одржува еднаш годишно во Картагена де Индиас, Колумбија. Снимката од неговиот говор е достапна на YouTube.

Претседателот призна дека бил “опседнат” со технологијата, особено со роботиката и вештачката интелигенција (AI). Тој понатаму нагласи дека на Колумбија му треба свој регулатор за ICT индустријата и вети дека ќе формира висок совет за трансформација и дигитално општество.

Според Дуке, употребата на напредни технологии може да и помогне на државата да се справи со корупцијата, заедно со подобрување на областите како што се безбедноста, правдата и медицината. Тој предложи да се искористат блокчејн и AI за следење на јавните фондови и со нивна помош да се откриваат абнормалности.

Движејќи се кон крипто-индустријата, Дуке вети дека ќе ги ослободи бизнисите поврзани со крипто од даноците за закуп уште пет години, под услов да генерираат одреден број нови работни места.

Иван Дуке е актуелен претседател на Колумбија. Тој ја презеде функцијата во август 2018-та година, откако победи на изборите претходно во мај. Политичарот има силна финансиска позадина, претходно имајќи значајни позиции во Министерството за финансии на земјата и Inter-American Development Bank.

Колумбискиот сенат слично на ова е оптимист во врска со блокчејн, велејќи дека “може да ги промени животите” по дебатата во јуни. Во прилог на тоа, во мај во земјата беше формирана национална блокчејн асоцијација.

Во исто време, финансиската индустрија во земјата е доста скептична за криптовалутите како што се виде до сега. На пример, во еден момент во јуни, Колумбиските банки ги затвориле сите сметки на јужноамериканската платформа за крипто-размена Buda.com.

Leave a comment