Колапсот на Deutsche Bank може да предизвика пад на глобалните финансиски пазари

Германскиот финансиски гигант Deutsche Bank AG е една од најголемите и најважните економски институции во светот. Главно поради самонаметните скандали, банката сега мора да преземе драстични мерки за да опстане. Инвеститорите насекаде би требало да имаат предвид дека ако таков критичен дел од банкарскиот систем кој е премногу голем за да потфрли, не успее,  тоа би можело да предизвика уште една глобална финансиска криза.

Deutsche Bank се бори да преживее

Deutsche Bank AG, најголемата банкарска групација во Германија со богатство од повеќе трилиони долари, претставува главен извор на загриженост за меѓународните инвеститори, економисти и креатори на политика повеќе од неколку години. Всушност, Меѓународниот монетарен фонд ја нарече банката во 2016-та година “најважниот нето придонесувач за системски ризици” кон глобалниот финансиски систем. Истата година, разни финансиски публикации низ целиот свет, исто така, започнаа со предупредување дека  Deutsche може да биде “следното Lehman Brothers”, осврнувајќи се на инвестициската банка чиј колапс се смета за голем дел од започнувањето на глобалната финансиска криза во 2008-ма година.

Сега Германската банка се чини дека повторно се бори да опстане, со некои коментатори кои стравуваат дека нема да може да преживее. Само овој месец беше најавено дека Deutsche ќе помине низ голема реорганизација со цел да се спречи ‘крварењето’. Како што беше објавено, процесот на реструктуирање на компанијата ќе вклучи намалување на една петтина од вработените во целиот свет, околу 18.000-20.000 лица. Дополнително беше откриено дека Deutsche ќе ги намали инвестициите во информатичката технологија за повеќе од една милијарда долари годишно, потег што ќе ја спречи да биде во чекор со конкурентите или да се соочи со нови предизвици во fintech доменот. Покрај тоа, постојат и извештаи од пазарот дека некои институционални инвестициски фондови ги повлекуваат своите средства од банката, што може да сигнализира недоверба во успехот на напорите за реорганизација.

Скапи скандали и милијарди парични казни

Пред да размислиме како ситуацијата може да се одвива, да видиме како Deutsche Bank дошла до моменталната состојба. Во текот на последните неколку години таа е вмешана во голем број скандали, како што е овозможување на перење пари, кое банката ја чинеше богатство на правни трошоци, репутациона штета и големи парични казни. Нејзините акции сега тргуваат на 30-годишен минимум, откако изгубија над 70 отсто во вредност од 2007-ма година. Банката, исто така, страдаше од чести промени на директори поради тоа, заменувајќи извршни директори и други врвни директори со алармантна стапка за компанија од нејзин вид во таа индустрија. Во ноември 2018-та година, во нејзиното седиште беше дури и извршена рација од страна на полициските службеници и претставниците на Германскиот даночен орган.

Безбројните правни проблеми со кои се соочуваат, ја чинат Deutsche Bank неверојатен износ на пари во последните неколку години. На пример, во април 2015-та година мораше да се согласи да плати комбинирани 2,5 милијарди американски долари со парични казни на Американските и Британските власти за нејзино учество во скандалот со Libor, каде што неколку банки беа обвинети за нечесно работење со каматните стапки што се користат насекаде низ светот. И во јануари 2017-та година, Deutsche постигнала решение од 7,2 милијарди долари со Одделот за правда на САД за својата продажба на хартии од вредност за токсични хипотеки. Вкупно, Deutsche Bank плати повеќе од 13 милијарди долари за судски постапки од 2012-та година.

Што се случува кога компанија преголема за да пропадне не успева?

Значи, што ќе се случи ако Deutsche Bank не успее со своите напори за реорганизација и повеќе не може да преживее? Ако функционираше во една економија регулирана со вистински принципи на слободен пазар, банката едноставно ќе прекинеше со работа на ист начин како и другите компании. Меѓутоа, повеќе од можно е политичарите и бирократите да чувствуваат потреба да интервенираат за да се спречи тоа да се случи.

Телата како што се Германската влада и Европската централна банка (ЕCB) можат да речат дека неуспехот на најголемата комерцијална банкарска институција во економското срце на Европа ќе има катастрофални последици за континентот, а и светот, како што недостатокот на доверба на инвеститорите ќе испрати економскиот ударен бран од Германија кон нанадвор. Поради оваа причина тие можат да тврдат дека немаат друг избор освен да ја спасат Deutsche Bank со парите на други луѓе. Ова може да се направи на неколку начини, вклучувајќи ги и принудувањето на други банки да ја купат Deutsche  (имало обиди да се спојат со Commerzbank AG во минатото), печатење на повеќе девизни пари и нивно давање на Deutsche или дури и целосно национализирање на банката.

Без оглед на случајот, тоа ќе има трајни импликации врз глобалната економија. Покрај влијанието врз другите финансиски институции, колапсот на Deutsche Bank, како и спасувањето од парите на европските граѓани, може да создаде сериозно политичко назадување. Како што видовме со последната глобална финансиска криза, разочараните гласачи би можеле да чувствуваат дека оние што се на власт ги жртвуваат нивните заштеди, со цел да им помогнат на богатите банкари од ‘премногу големи за да пропаднат’ компании, што поттикнува навлегување во популизмот на екстремните десничарски и левичарски партии, што дополнително го дестабилизира воспоставениот ред.

Новата финансиска криза предизвикана од колапсот на  Deutsche Bank, исто така, може да привлече повеќе луѓе да ги откријат криптовалутите како алтернатива на девизите, бидејќи грешките на стариот систем стануваат очигледни за разбирање. А скапиот и неправедниот спас на неуспешниот систем, исто така, ќе има таков ефект.

Leave a comment