Кои крипто регулации Јапонија сака Г-20 да ги имплементираат- и зошто?

Додека пристигнуваме кон средината во она што веќе беше една од најпознатите бурни години за крипто ентузијастите, едно е сигурно – втората половина на 2019-та година веќе ветува ист бурен период.

До неодамна, повеќето земји се искажаа laissez-faire став кон крипто регулациите, и сите претходни обиди за создавање на консолидирани меѓународни политики се покажаа крајно бесплодни.

Меѓутоа, ако треба да се верува во неодамнешните извештаи, сето тоа ќе се промени, а прашањата поврзани со криптовалутите се високо на агендата на Г-20. Зафатениот календар на активности на меѓународната организација започнува со генералниот самит на 1-ви јуни во Осака, Јапонија.

И изгледа дека Токио е решен да ги убеди своите меѓународни колеги да се заложат за крипто закони уште од самиот почеток. Значи какви видови регулации може да им предложи Јапонија и зошто се толку желни да се спроведат?

Хакерските напади

Јапонија се смета за една од најпознатите крипто-пријателски земји во светот. Како и да е, хакерскиот напад на Coincheck на почетокот на 2018-та година беше пресвртница за земјата. Истиот дојде во време на голем бум во крипто сферата; време кога токените добиваа широко прифатено јавно усвојување.

Иако земјата веќе воведе крипто регулации, барањата за оперативни лиценци на новите крипто берзи од регулаторната Агенција за финансиски услуги (FSA), сите после хакерскиот напад врз Coincheck, Токио почна да го заострува својот став.

Акио Кикучи, консултант за крипто и блокчејн технологија во Фукујама, изјави:

Се чини дека владата одлучила дека не сака да ја прекине индустријата како што го направи тоа Кина или делумно да ја исклучи, како тоа што направи владата на Јужна Кореја. Но, она што навистина сака да направи е да се осигура дека сите берзи ќе ги почитуваат правилата. И навистина сака да стави крај на сите форми на нерегулирано тргување”.

И навистина, тоа е она што FSA направи – наметнување на строги правила за постоечките берзи, како и проверки на лице место и ненајавени ревизии, доколку е потребно. Процесот на аплицирање стана многу построг.

Но, зошто Јапонија е толку упорна дека и остатокот од светот треба да го следи нејзиниот пример?

Кикучи изјави,

“Владата тука добро знае дека ако луѓето не го сакаат начинот на кој Јапонските берзи се контролирани, тие можат да го префрлат својот бизнис на странски платформи на териториите каде што нема регулации. Без меѓународен напор, тешко е навистина да се запре некој да го направи ова”.

Како што претходно беше објавено, Токио се обидуваше да го ублажи бранот на меѓународните берзи кои активно ги таргетираат Јапонските потрошувачи, но владата на Јапонија не може да постигне се сама. Заеднички меѓународни напори би можеле да го променат сето тоа.

Со убедување на земјите од Г-20 да ги постават крипто берзите под контрола на националните финансиски регулатори, Токио, исто така, се чини дека сака да се осигура дека државите активно се борат против перењето пари на берзите. Владата на Абе, најверојатно, ќе биде во корист на know-your-customer (KYC) програмата – и покрај инсистирањето на индустријата дека таквите мерки ќе бидат “драконски”.

Јапонија ќе се обиде да ги убеди своите колеги, користејќи голем број на средства на располагање, вклучувајќи:

  • издавањето на “прирачник” за учесниците полн со студии за случаи и објаснувања за тоа како Јапонските инвеститори страдаа од напади како што се хакерскиот напад на Coincheck
  • одржување на fintech и think-tank сесии пред самитот
  • поставувајќи дневен ред за состаноците на Г-20, за што има право да прави бидејќи претседава со Г-20 во 2019-та година како земја-домаќин

Само дел од тоа што ќе се случува на Г-20 самитот

Многу е веројатно дека светските лидери на самитот на 1-ви јуни ќе сакаат да го поминат своето време за прашања за кои сметаат дека се многу поважни – како што е решавањето на тековниот раздор на САД-Кина – но вреди да се запамети дека 1-ви јуни е само врв на ледениот брег наречен Г-20.

Ќе следат голем број министерски состаноци, вклучително и специјален самит за дигиталната економија – како и состаноци на шефовите за финансии и шефовите на централните банки, каде што крипто политиката речиси сигурно ќе се дебатира во детали.

Сепак, поранешниот премиер на Јапонија Јошихико Нода тврди дека Абе може (и треба) да го принуди прашањето за крипто регулативите на самитот на 1-ви јуни – спомнувајќи ја Северна Кореја. Нода тврди, во мислење објавено на 15-ти мај, дека Абе треба да се осврне на “итна потреба за зајакнување на меѓународните регулативи за спречување на перење пари и финансирање на тероризам”.

Тој наведува,

“Постигнувањето на меѓународен договор [за крипто регулациите] на 1-ви јуни би можело да ги блокира тековните напори на Северна Кореја да ги избегне економските санкции”.

Сепак, не сите Јапонски крипто ентузијасти се песимисти во врска со изгледите за меѓународните регулативи. Популарниот јутубер Јошихару Уено изјави, во интервју  со Јапонскиот медиум Crypto Watch, “Луѓето имаат тенденција да ги гледаат регулативите како негативни. Но, тие можат да бидат сила за правење на добро, ако луѓето почнале да ги почитуваат правилата. Ги гледам како позитивна работа.”

Leave a comment