Кинеското министерство за информатика вели дека блокчејн треба да се развива на индустриско ниво

Заменик-директорот на Кинеското министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) ја повика земјата да ги “обедини” силите за да го сместат блокчејн како “јадрото” на новата дигитална економија, според еден пост на официјалниот веб-сајт на MIIT вчера, 16-ти јули .

Говорејќи на National Expert Forum во 2018-та година за производството на моќните земји, заменик-директорот на министерството Ксин Гуобин рече дека “важната улога” на блокчејн треба да биде “прифатена од стратешка перспектива”:

“[Блокчејн] може да ги надомести недостатоците на традиционалниот кредитен систем, да спречи вметнување и фалсификување информации и да ги зачува [трошоците низ] општеството. [Ова важи за] финансии, е-трговија, паметна медицинска грижа, социјалното осигурување, енергетика и други полиња, и ќе има големо влијание”.

Гуобин, кој исто така е и директор на Националната водечка група за производство на електрична енергија во Кина, рече дека земјата сега мора да развие блокчејн технологија на “индустриска” скала за да го забрза нејзиното усвојување во сите области на економијата и општеството.

Заменик-директорот рече дека сеопфатното планирање за создавање на позитивно институционално и регулаторно опкружување е неопходно за да се постигне “основната цел” за да се обезбеди “пробив” на блокчејн, и тој да почне да се применува во индустриски размери.

За таа цел, тој ја нагласи потребата за зајакнување на официјалните политички насоки, олеснување на институционалните ограничувања и “оптимизирање” на средина поволна за блокчејн сферата.

Политиката на Кинеската влада останува тешка за децентрализираните криптовалути, со очигледно негативно влијание врз домашното крипто-тргување. Сепак, динамиката во Кинескиот блокчејн простор во последниве месеци го зголемува темпото, поттикната од поддршката од највисоките ешалони на политичката класа.

Оваа пролет, кинескиот претседател Кси Џинпинг отворено го пофали блокчејн како пример за “нова генерација” на технологии кои “ја реконструираат глобалната иновативна мапа и ја реформираат глобалната економска структура”.

Централната банка на Кина во меѓувреме е во потрага по долгорочна визија за блокчејн интеграција, неодамна поднесувајќи нов патент за digital currency wallet, истиот месец кога го откри својот нов блокчејн-придвижуван систем дизајниран за да ги токенизира хартиените доккументи.

Признавајќи го значењето на оваа технологија, Кинескиот регулатор, сепак, предупреди овој месец против “митологизирање” на потенцијалот на блокчејните, во целата мешаница што води кон глобални иновации.

 

Leave a comment