Кинескиoт крипто фармачки гигант Bitmain затвора уште една канцеларија во странство

Кинескиот крипто фармачки гигант Bitmain одлучи да затвори уште една канцеларија во странство – овојпат во Амстердам – како дел од тековните корекции на бизнисот.

Во изјавата споделена со CoinDesk, портпаролот на Bitmain изјави дека компанијата сè уште не ги прекинала своите операции во Амстердам, но одлуката е веќе направена и процесот е во тек.

“Како што градиме долгорочен, одржлив и скалабилен бизнис, правиме корекција на нашиот персонал и операции. Ова ја вклучува одлуката за затворање на нашите канцеларии во Амстердам и во Израел”, додаде портпаролот.

Bitmain сè уште не го специфицираше временскиот период на затворањето, или колку вработени ќе бидат погодени како резултат. Сепак, според информациите за LinkedIn, најмалку девет лица се идентификувани како вработени во Bitmain во главниот град на Холандија, а нивните одговорности главно се фокусираат на работењето и развојот на водечкиот базен на Bitmain BTC.com.

“Ние навистина се фокусираме на работи кои се јадро на нашата мисија, а не на работи кои се споредни. Ние ќе продолжиме да ги вработуваме најдобрите таленти од широк спектар на области”, изјавија од фирмата.

Во почетокот на декември Bitmain го потврди затворањето на својата Израелска канцеларија, со отпуштање на повеќе од 20 вработени кои главно беа задолжени за развој на блокчејн технологијата и вештачка интелигенција. Фирмата го наведе големиот пад на крипто пазарот во 2018-та година како причина за овој потег.

И, во четвртокот минатата недела, Texas Public Radio  објави дека Bitmain ги прекинал своите фармачки операции во Рокдејл во округот Милам во државата, само неколку месеци откако го објави новиот сајт за кој се вели дека ќе донесе 400 работни места преку инвестиција од 500 милиони долари.

Од Bitmain го потврдија намалувањето на работната сила на локацијата за фармање на Рокдејл во својата изјава, велејќи дека “нема да бидат исклучени ниту една локација / тимови” од намалувањето на компанијата. Сепак, тие нагласија дека не го напуштаат Рокдејл.

Судијата на округот Милам, Стив Јанг, изјави дека сите вработени на Bitmain на локацијата за фармање, двајва инженери и директорот за човечки ресурси, биле отпуштени, додека “сите операции биле прекинати”.

“Јас сум навистина разочаран затоа што го рекламиравме ова. Чекавме за ова. Ние го сакавме ова.”, изјави Јанг.

Веста доаѓа во време кога Кинеската компанија за фармање го намалува својот тим и во своите домашни канцеларии, вклучувајќи го и персоналот кој се фокусира на нивната опрема за фармање, вештачка интелигенција и бизнисите за базените за фармање, се ова после брзата експанзија во 2018-та година. Планот за замена на нивните сегашни ко-извршни директори, Џиан Ву и Микри Жан, исто така, наводно е во тек.

Leave a comment