Кинески крипто-забрани за WeChat акаунти, настани и платформи за размена: што се случило и зошто

Оваа недела, владата на Кина ги разбива крипто-поврзаните акаунти на WeChat, блокчејн настаните и размената на дигитални средства, зацврстувајќи го својот негативен став за тргување со криптовалути и пазарот за почетна монета (ICO).
WeChat забраната и предупредување на PBoC против ICOs

На 22-ри август, Cointelegraph објави дека WeChat, најголемата апликација за испраќање на пораки во Кина која има над 1 милијарда активни корисници, ги забрани акаунтите на крипто-инвеститори, корисници и бизниси.

Во тоа време, Lanjinger, локален финансиски медиум, објави дека акаунтите на Deepchain, Huobi News, Node Capital, Jinse и CoinDaily, биле суспендирани или трајно банирани, бидејќи ги прекршиле неговите политики за “Времени одредби за развој на јавните информативни услуги за алатки за инстант пораки “преку промовирање на ICO и крипто-тргување.

Додека CoinDaily потврди дека неговиот канал со повеќе од 100.000 претплатници беше суспендиран од WeChat, Леонард Вис, претседател на Биткоинската асоцијација на Хонг Конг, изјави за Cointelegraph дека многу акаунти – кои требало да бидат привремено или трајно суспендирани – биле скроз избришани поради други чуствителни теми надвор од крипто:

“Тие беа блокирани поради разговорите за скандалот со вакцинацијата, не поради крипто. Ова го сметаме за контраинтуитивно, но известувањето за ваквите скандали е далеку поосетливо отколку што се зборува за крипто или дејствија околу крипто. Очекувам тие да ги добијат назад своите акаунти за една недела или еден месец.”

Експерт тврди дека WeChat забраната не е поврзана со крипто

Кон крајот на јули, Кинеската медицинска индустрија беше вмешана во голем скандал откако главната набљудувачка агенција за дрога ги објави своите наоди кои обвинија две фармацевтски фирми за развој на инфериорни вакцини и залажување на локалните регулатори.

Поточно, Changsheng Biotechnology беше објавено дека објавиле фалсификувани податоци за продажба на повеќе од една четвртина милиони неефективни вакцини за дифтерија, голема кашлица и тетанус, како што пријави Fortune.

Вис тврдеше дека, со оглед на големината на скандалот во Кина и глобалниот сектор на медицината, поверојатно е дека, освен во случајот со големи крипто-акаунти како CoinDaily, Deepchain и Huobi News, повеќето од акаунтите што беа забранети од WeChat биле вклучени во ширење дезинформации за скандалот.

Но, како што еден официјален претставник на WeChat потврди за Lanjinger,, Кинеската влада вети дека ќе преземе построг пристап во сузбивањето на ICO и продажбата на токени, а Кинеските платформи за социјални медиуми ќе продолжат да ги затвораат акаунтите на поединци и бизниси кои се користат за промовирање и рекламирање на ICO на кинескиот пазар, кое беше забрането од владата кон крајот на 2017-та година.

“[Акаунтите беа трајно затворени поради тоа што се] осомничени за објавување на информации поврзани со ICOs [првични понуди на монети] и шпекулации за крипто-трговија”, изјави официјалното лице.

Во изјавата добиена од South China Morning Post (SCMP), тимот на Huobi негираше дека забраната на нивниот акаунт е поврзана со ограничувањето на владата на криптовалути, туку со “широка акција насочена кон индустриските медиуми” од страна на WeChat.

Facebook блокчејн иницијативата влијае на односите со Кина?

Со оглед на гласините околу Facebook, кои сакаат да ја претстават сопствената криптовалута на глобалниот пазар, останува нејасно дали претпоставената идеја на Facebook за интегрирање на криптовалути или започнување на сопствена блокчејн платформа би можела да влијае на моменталната врска со Кинеската влада.

Кинеските платформи за социјални медиуми, како што се Baidu и WeChat, не забележале никакви гласини за домашните и за меѓународните крипто-заедници во врска со криптовалентност и иницијативи поврзани со блокчејн, најверојатно за да се избегне конфликт со локалните финансиски регулатори.

PBoC издава предупредување против ICO

На 25-ти август, Народната банка на Кина (PBoC), централната банка на земјата, издаде предупредување против ICO, цврсто декларирајќи дека прибирањето средства преку продажба на токени е нелегално во земјата. PBoC и локалните финансиски власти додадоа во официјална најава дека е тешко да се следат и набљудуваат трансакции направени преку ICO, дури и ако продажбата на токени се врши дома.

“Средствата за овие нелегални активности се претежно во странство, а надзорот и следењето се многу тешки”.

PBoC понатаму нагласи дека, иако земјата го охрабри развојот и комерцијализацијата на блокчејн технологијата, ICOs не може да се сметаат за легитимни операции за развој на блокчејн. Во документот се вели:

“Ваквите активности всушност не се базираат на блокчејн технологијата, туку практика на шпекулативни блокчејн концепти за нелегално прибирање финансиски средства, пирамидални шеми и измама. Главните карактеристики се како што следува:

  1. Ризик од нелегални активности, нерегулирани странски пазари и неможност да се следат или набљудуваат трансакции направени во ICO.
  2. Измамни, нетранспарентни и скриени методи за прибирање финансиски средства, потпирајќи се на познати и влијателни личности за поттик на возбуда околу инвестиции и за да ги привлечат инвеститорите.
  3. Нелегални операции како пирамидални шеми генерирани за профит и создавање Ponzi шеми, опишувајќи ги како ‘финансиски иновации’.”

Шенг Сонгхенг, советник на Народната банка на Кина, исто така, потврди na државната публикација ce.cn дека владата одлучила да ја зајакне својата забрана за ICO, забраната на јавните акаунти, каналите и комуникациските платформи што се користат за ширење на информации за продажбата на токени.

Подемот на OTC тргувањето, под лупа на Alipay

Во декември минатата година, за време на најголемиот подем на пазарот за криптовалути, кога комбинираното вреднување на сите дигитални средства на пазарот изнесуваше 900 милијарди долари, Кинескиот Национален комитет на експерти за интернет-финансиска безбедност – истражувана група поддржана од владата – објави:

“Тргувањето оver-the-counter е во подем. Ова бара понатамошно внимание”, велат истражувачите.

Во тоа време, зборувајќи со South China Morning Post, најголема публикација во Хонг Конг, Вис изјави дека Telegram е платформа за големи OTC трансакции поради поврзаноста меѓу локалните финансиски власти и операторите на WeChat, но дека мал дел од инвеститорите сè уште ја користат Кинеската платформа за пораки. Вис објасни:

“Telegram е многу популарен за големи over-the-counter тргувања. Додека WeChat се користи од страна на помалку параноичните.”

Операторите на разни платформи за крипто-размени и OTC платформи – вклучувајќи го и Tidebit – го потврдија порастот на активноста на Биткоин OTC пазарот , наведувајќи дека инвеститорите кои повеќе не можеле да тргуваат на Кинескиот пазар почнале да ги истражуваат алтернативите меѓусебно за инвестирање во имотни средства.

Оваа недела, Alipay – најраспространета finetech платформа во Кина, со пазарен удел од 90% и со пазарна вредност од 150 милијарди долари – формално го забрани over-the-counter тргувањето на мрежата Alipay, спречувајќи корисници на мобилната апликација Alipay да иницираат трансакции за Биткоин или други дигитални купувања на имот.

Ред Ли, крипто-истражувач и основач на кинеската крипто-заедница 8BTC, откри дека Alipay започнал процес на затворање на акаунти вклучени во тргување со прекумерни биткоини, најверојатно поради барањето на владата за банките и финансиските мрежи да ги затвори сите свои можни канали за плаќање кои би можеле да се искористат за да се испратат средства кон платформите за тргување со криптовалути.

https://twitter.com/redtheminer/status/1032800362527318016/photo/1

Груб превод на изјавата објавена од Alipay ја обелодени намерата на компанијата  да го банира секој акаунт за кој постои разумно сомневање дека финансира биткоински размени за да инвестира во крипто-просторот.

Со забраната за прекумерно крипто-тргување од страна на Alipay, единствениот канал што им се остава на локалните инвеститори да ги распределат средствата на крипто-пазарот е пазарот во Хонг Конг.

Со оглед на тоа што инвеститорите во Кина сè уште испраќаат милиони долари на банкарски сметки на Хонг Конг  за купување на повеќемилионски имотни средства на пазарот за недвижнини во Хонг Конг, можноста за инвестирање преку Хонг Конг дигитални агенции за тргување со локални банкарски сметки сè уште постои.

Но, поради строгите контроли на земјата и новата иницијатива на владата за следење на заштедни и брокеркски акаунти искористени за избегнување на даноците, би можело да биде уште потешко да се испраќаат пари од Кина кон странските пазари.

Забрана за крипто-настани

Оваа недела, Binance, најголемата платформа за крипто-размена  во светот според дневен обем на тргување, мораше да го откаже настанот поврзан со криптовалути во Пекинг на 23-ти август, кога владата објави забрана за комерцијални блокчејн конференции и средби.

Локалната власт на округот Чаојанг во Пекинг откри дека ги информира хотелите и другите големи локации во земјата дека не им е дозволено да бидат домаќини на настани кои се поврзани со криптовалути и блокчејн, како дел од неговата поголема иницијатива за целосните остри мерки против ICOs и дистрибуиран прибирање финансиски средства.

Во интервју за The Wall Street Journal, портпаролката на Binance изјави дека не е запознаена со затворањето на настанот, бидејќи платформата е домаќин на многу настани низ целиот свет:

“Имаме толку многу средби низ целиот свет, и [тие] може да бидат откажани поради било каква причина”.

The People’s Daily, издание на Комунистичката партија, објави дека таканаречените  capital-backed  медиуми  во Кина направиле значајно богатство преку создавање возбуда околу ICO, но не е сигурно дали публикациите ќе можат да продолжат со промовирање на ICO на подолг рок. Публикацијата може да доведе до тоа инвеститорите да веруваат дека локалните власти може да се насочат кон независни медиуми кои промовираат ICO во следните неколку месеци.

“Овие ‘медиумски’ outlets направија огромни богатства со шпекулации околу криптовалути, но поради нивната природа, се сомневаме колку долго нивниот варварски раст може да продолжи.”

Конечно, во изминативе два месеца, владата на Кина го префрли поголемиот дел од своите ресурси на зајакнување на својата забрана за тргување со криптовалути и ICO пазарот.

Со оглед на цензурата што ја практикуваат WeChat, Alipay и други платформи, заедно со забраната за крипто-настани во Пекинг, веројатно е дека земјата ќе забележи пад во усвојувањето на блокчејн технологијата и развојот на криптовалути, што е иронично, бидејќи Кина помина преку повеќе од 3 милијарди долари во финансирање  блокчејн проекти оваа година.

Leave a comment