Кинески град користи блокчејн за следење на осудени лица кои се на условна

Осудените лица на условно во јужниот Кинески град Жонгшан сега можат да се најдат себеси следени преку блокчејна мрежа.

Одделот за правда во Жонгшанг вели дека започнал систем базиран на блокчејн кој може да ги следи движењата на поранешните затвореници за да го подобри квалитетот на таканаречената “корекција на заедницата”, објави извор од локалните медиуми во четвртокот.

Оваа технологија, очигледно, била распоредена во разни центри за сервисни служби, каде што условните затвореници се обврзани да ги завршуваат секојдневните обврски.

Одделот соопшти дека го развил и го применил блокчејниот систем во обид да обезбеди ажурирани податоци за движењата на секој осуденик цело време.

Со оглед на тоа што податоците за осудените лица се апдејтираат дистрибуирано, персоналот за корекција на заедницата и релевантните агенции за спроведување на законот на кои им е даден пристап до мрежата, можат во секое време да знаат каде се наоѓа осуденото лице и на тој начин да ги преземат неопходните мерки ако некој ја прескокне секојдневната рутина.

Одделот за правда тврди дека технологијата е во состојба да ја намали оптовареноста со работна сила која традиционално е потребна за физички да ги следат личностите кои се на условно, кога се осигураат дека тие ги почитуваат законите и ја вршат својата служба во заедницата.

Имплементацијата на Жногшанг е најновиот случај на употреба во кој блокчејнот е усвоен во правниот систем во Кина.

Интернет-суд во градот Хангжу веќе ја препознал оваа технологија како овластен начин за доставување на докази.

Големиот град Шенжен, исто така, се осврнува кон блокчејн во борбата против даночното затајување, потег направен во партнерство со интернет-гигантот Tencent.

Leave a comment