Кинеските крипто-милионери користат биткоин за купување на недвижнини во странство

Кромидот кој расте во калифорнискиот замок на еден крипто-тајкун носи скриена порака.

Гуо Хонгкаи, продавач на говедско месо,  од Кинеската провинција Шанкси, е еден од многуте свежо создадени милионери усвојувачи на биткоин, кои го пренасочуваат делот од своето богатство надвор од земјата со купување недвижен имот во странство.

Во април, Хонкаи продаде 500 биткоини во САД, а потоа ги искористи тие пари за да купи замок од 100.000 квадратни метри во Лос Гатос, на 90 минути возење од Сан Франциско, Калифорнија. Неговиот “Ролс-Ројс”, исто така, купен со плодовите од биткоинската арбитража, седи на патеката во близина на мала градина со кромид.

“Многу е нормално да се продава биткоин во САД. Откако ќе се продаде биткоинот, можете да купите се што сакате”, изјави тој.

Гуо ја нарекува оваа секундарна резиденција свој “Замок на кромидот”, бидејќи зеленчукот е исто така кинески сленг за крипто-инвеститори кои се покажаа ранливи на големи продажби.

Како што Кинеските регулатори се ограничуваат во бизнисот на оваа индустрија во татковината, крипто-милионерите се свртуваат кон странските пазари на недвижнини за да ги диверзифицираат своите фондови. Некои купуваат имот директно со крипто, а други како Хонгкаи користат биткоин за да добијат странски пари без да одат истите преку банка.

Основачите на еден Американски стартап за крипто-недвижнини, кои дадоа изјава под услов да се анонимни, изјавија дека околу една третина од нивните потенцијални корисници доаѓаат од Азија, и ги вклучуваат Кинеските инвеститори кои бараат токенизирани сопственички права преку брокерски  хартии од вредност во Хонг Конг.

Според South China Morning Post, недвижниот имот купен во Хонг Конг не бара исти даноци и документација како и другите финансиски средства што се чуваат во странство. Кинеските инвестиции во странски недвижности, често преку брокери во Хонг Конг, растат се повеќе низ годините. Сега раните биткоин усвојувачи го користат новоти богатство за познати патерни.

“Барањата што ги имаме од нив започнуваат од 50.000 долари или 100.000 долари до, најновото од 3 до 4 милиони долари за Силиконската Долина”, изјави  Наталија Карајанева, извршен директор на Propy, уште еден крипто-пазар на недвижнини.

Таа додаде:

“Гледаме дека се повеќе и повеќе луѓе се подготвени да купат имот со криптовалути бидејќи станува полесно да ги добијат своите пари надвор од земјата користејќи биткоин, наместо да основаат банкарска сметка со седиште во Хонг Конг и да ги префрлат парите надвор од земјата користејќи деловни канали.”

Крипто-центри

Според Карајанева, САД и Велика Британија се најбараните локации за недвижнини, особено fintech-центрите како Лондон или Калифорнискиот залив.

“Тие главно беа заинтересирани за станбени објекти покрај добро образование, како Стенфорд”, рече таа. “Исто така, тие сакаат да се прошират. Тие сакаат да имаат делови од своите средства во странство во постабилни земји”.

Досега, околу половина од прометот на веб-сајтот на Propy доаѓа од Кина, од 50.000 месечни прегледи.

Тоа е тренд кој има импликации далеку надвор од Кина, иако, особено во Калифорнија, каде што според статистичките податоци собрани во текот на една деценија од страна на ATTOM Data Solutions, скоро една четвртина од сите  домови каде што живее по едно семејство сега се купени со готовински трансакции без хипотека.

Според главниот извршен директор на SetSchedule, Рој Декел, стартапот со седиште во Калифорнија им помагаат на лиценцирани агенти за недвижнини да се поврзат со купувачите и сопствениците на куќи, почесто се случува Кинески биткоин ветеран да ги претвори криптовалутите во пари отколку да купи имот директно со него.

“Забележавме пад на Кинескиот интерес, но одредени градови како Лос Анџелес, Сан Франциско и Њујорк остануваат силни”, изјави тој. “Ултра-богатите Кинези го користеа овој извор како диверзификација на инвестициите”.

Високи влогови

Од друга страна, Декел, исто така, забележа дека “многу блокчејн ентузијасти” купуваат втор дом или инвестициски имот, што доведува до зголемување на продавачи заинтересирани за прифаќање на криптовалутите директно од меѓународните купувачи.

Бидејќи платформите како Propy се во согласност со јурисдикциите, причината за овој тренд може да оди подалеку од даночното затајување, реални болни точки во легитимните пазари.

Во јануари, The New York Times тврди дека Кинескиот пазар на недвижнини е “како казино”. Понатаму, Reuters објави дека рестрикциите за развој на имотот продолжуваат да се заоструваат, како што се намалуваат субвенциите за станбените градители.

“Во Пекинг, само минатата година тие забележаа пораст од 40% во цената”, изјави Карајанева. “Историски гледано, Кинеските инвеститорите во недвижнини се многу активни во странство, бидејќи нивниот сопствен пазар почнува да станува хаотичен”.

Според сето ова, Кинеските купувачи тешко дека се единствените што купуваат имот со криптовалути. Во 2017-та година, Европејците користеа биткоин за купување на луксузни апартмани во Aston Crypto Plaza во Дубаи, проект предводен од британската бароница Мишел Моне.

Секаде каде што се случува, станува сè појасно дека крипто-богатството би можело да има вистинско влијание врз глобалните шеми за недвижнини.

 

Leave a comment