Кинеската ранг листа за блокчејн палтформи: EOS се уште прва, Ethereum втора и Биткоин на 15-то место

Кина ја објави ранг листата за блокчејн платформите спонзорирана од владата, ставајќи го Биткоин (BTC) на 15-то место, додека EOS е се уште врвот. Рангирањето беше објавено во соопштението за печатот на 24-ти јануари.

Крипто ранг листата од Кинескиот Center for Information and Industry Development (CCID) беше објавена во мај минатата година. Во ова деветто издание на истата, ЕОЅ го задржува своето место како највисоко рангиран блокчејн од јуни 2018-та година.

Деветиот по ред Global Public Chain Technology Evaluation Index на CCID, прв индекс објавен од институтот во 2019-та година, повторно го става EOS на врвот. Последниот таков индекс, кој беше објавен во декември минатата година, исто така го постави ЕОS на прво место.

Како што соопштија медиумите во ноември минатата година, ЕОS беше поврзан со контроверзии кога неговиот модел на управување беше изложен со докази што сугерираа дека некои веќе потврдени трансакции биле повторно обработени.

Второто место на ранг листата го држи Ethereum (ЕТH), истото место што го одржа на ранг-листата во декември, по неодамнешното одложување на hard fork-от од страна на девелоперите на Ethereum до крајот на февруари. Сегашната позиција на Биткоин, од друга страна, скокна на 15-то место од 18-то во декември.

Ripple (XRP) – кој е на 20-то место во ова рангирање – започна соработка со голем Кинески универзитет минатата недела, за издавање на стипендии за изучување на блокчејн.

Leave a comment