Кинеската дигитална девизна валута сака да се натпреварува со Биткоин – Но, таа не е крипто

  • Прегледот на над 50 апликации за патенти поднесени од Народната банка на Кина, покажува дека дизајнот на нејзината дигитална валута само ќе личи на криптовалута на ограничени начини.
  • Висок функционер во централната банка изјави дека овој напор на банката ќе биде корисен за „ограничување на барањата на јавноста за крипто-средства и за зајакнување на суверената валута на земјата“.
  • Далеку од имитирање на децентрализираните аспекти на етер и биткоин, официјалниот претставник истакна дека издавањето на дигиталната валута на централната банка ќе се држи до централизиран модел на управување.

Кина можеби ќе започне да лансира дигитална девизна валута, но, таа само ќе личи на криптовалута на површината.

И веројатно нема да употребува блокчејн. Додека е инспирирана до одреден степен од биткоин и слично, целта на нејзиното издавање е да ги победи.

Проектот беше ставен во центарот на вниманието минатиот викенд, кога еден висок официјален претставник на Народната банка на Кина (PBoC) изјави на конференцијата зад затворени врати дека дигиталната валута на централната банка на земјата (CBDC) е подготвена да биде лансирана.

Во својот говор, широко покриен од медиумите, Чангчун Му, заменик директор во одделот за плаќања на PBoC, особено изјави:

„Од минатата година, вработените во истражувачката лабораторијата за дигитални валути работеа нон стоп за развој на системот. Можеме да кажеме дека CBDC сега е подготвена да биде лансирана“.

Инспирација од крипто

Лабораторијата за истражување на дигитални валути на PBoC беше официјално лансирана во летото 2017-та година и беше предводена од Јао Кијан, иако Му посочи дека работата трае веќе пет години. Јао ја напушти позицијата за различна агенција околу октомври 2018-та година.

До денес, лабораторијата поднесе повеќе од 50 патентни апликации, сите или измислени или ко-измислени од Јао, а околу 20 од нив се фокусираат на спецификациите за дизајн на т.н. паричник за дигитална валута.

Секој документ опфаќа специфична технологија карактеристика на предложениот систем, почнувајќи од тоа како да се аплицира и да се создаде паричник, како да се пренесат пари на и од штедна сметка, како се верификува peer-to-peer трансакција, итн.

Целта е да се изгради паричник за чување дигитализиран јуан што се разликува од електронските паричници на која било банка или апликација за исплати на трети лица. Овие паричници, се вели во еден патентен документ, се „само екстензија на средствата што се чуваат на банкарска сметка.“ Како таков, пристапот ја позајмува идејата од биткоин peer-to-peer систем за трансакција , каде корисниците поседуваат приватни клучеви за контрола врз средството.

Друга апликација за патент додава:

„Појавата на дигитална валута е неизбежен тренд. Досега, приватно издадената дигитална валута носи карактеристики на анонимност и нестабилност. Централните банки мора сериозно да ги сфатат влијанијата врз плаќањата, монетарните системи и финансиската стабилност. Како такво, неминовно е централните банки да вршат притисок за дигитализирани девизни валути и оптимизирање на нивната циркулација“.

Нема повеќе децентрализација?

Друго отворено прашање е до кој степен системот за дигитални валути на PBoC може да ги вклучува карактеристиките на блокчејн, ако воопшто ги вклучи.

Еден од најраните документи за патенти, поднесени пред повеќе од две години, детално објасни дека централната банка во еден момент ја истражувала идејата за користење дистрибуирана мрежа за управување со јазли за верификација на трансакциите.

„Оваа технологија ќе овозможи моќни паметни договори на блокчејна инфраструктура за динамично управување со јазлите во мрежата, за да се обезбеди дека тие ги споделуваат и трансакцираат истите податоци со сигурност и приспособливост“, се вели во документот.

Говорот на Му алудираше и на овој пристап, но додаде дека стратегијата навистина се менувала со текот на годините. На самиот почеток, истражувачката лабораторија изградила прототип целосно на блокчејна инфраструктура, но подоцна се соочиле со проблемот околу скалабилност, рече тој, додавајќи:

„Бидејќи користиме дигитална девизна-валута за да го замениме М0, за да дојдеме до ниво на усвојување од трговците на мало, првиот проблем што не можеме да го заобиколиме е побарувачката за трансакции со голем волумен“.

Му го искористи примерот на купување за време на празник популарен кај младите луѓе во Кина за да покаже како блокчејните не се погодни за масовно усвојување:

„Нашата исплатна мрежа за време на продажбата на минатогодишниот Singles’ Day се справи со 92.771 трансакција во секунда. За споредба, биткоин и етереум се справуваат со седум и 10 до 20 трансакции во секунда, соодветно. Libra [на Facebook], врз основа на неодамна објавената бела книга, ќе прави 1000 трансакции во секунда. За земја голема како Кина, невозможно е да се постигне висока скалабилност со потпирање на блокчејн. Како такви, решивме да останеме технолошки неутрални и не мора да се потпираме на еден конкретен технолошки пат“.

Тој во својот говор заклучи дека иако крипто средствата имаат природна карактеристика на децентрализација, дигиталната валута на PBoC, според двослојниот систем, мора да се придржува кон централизиран модел на управување.

„Само назначените организации можат да управуваат со исплатите и треба да бидат централно управувани за да се спречи прекумерно издавање и да се осигура раководната улога на централната банка“, изјави тој.

Leave a comment