Кинеската дигитална валута е подготвена, велат од Централната банка

Народната банка на Кина (PBoC) тврди дека нејзината дигитална валута „сега може да се каже дека е конечно спремна“.

Според заменик-директорот на PBoC, Му Чангчун, прототипот што усвојува блокчејн архитектура е успешно развиен по пет години истражување.

Неговата објава, направена на China Finance 40 Forum, ја објави локалниот новински сајт Shanghai Securities News на 10-ти август.

Двослоен оперативен систем

Му изјави дека издавањето на дигитална валута со употреба на чиста блокчејн архитектура ќе биде тешко да се постигне во земја голема како Кина, бидејќи трговците на мало истовремено бараат високи перформанси.

Дигиталната валута, исто така, ќе усвои двослоен оперативен систем за да се грижи за „сложената економија на земјата со огромна територија и големо население“, со PBoC на повисоко ниво и трговски банки на секундарно ниво. Според Му, ова ќе ја подобри пристапноста, ќе ги подобри стапките на крипто усвојување кај јавноста и ќе промовира иновации кај трговските субјекти.

Според извршниот директор на PBoC, дигиталната валута е дизајнирана да биде погодна за „високо фреквентни малопродажни бизнис сценарија“.

Закана за САД?

Како што беше соопштено од медиумите на 9-ти август, PBoC планира да добие предност пред САД и Libra на Facebook со издавање национална криптовалута, бидејќи Aмериканските политичари пробуваат да го стопираат издавањето на stablecoin-от на социјалната мрежа поради загриженост во врска со регулативите.

Сепак, и покрај оптимистичките забелешки на Му, останува нејасно точно кога всушност ќе биде лансирана дигиталната валута на Кина.

Leave a comment