Кинеската влада ќе употреби блокчејн за следење на добротворните донации

Кина планира да спроведе блокчејн како дел од реконструкцијата на својот систем за следење на добротворни цели, објави Министерството за цивилни прашања (MCA) во својот акционен план во понеделникот, 10-ти септември.

Како дел од најновата иницијатива во врска со употребата на блокчејн технологијата за на државно ниво, четиригодишниот план на MCA до 2022-ра година се залага за “истражување на употребата на блокчејн технологијата во добротворни донации, нивно следење, транспарентно управување” и на неколку други места.

Официјалните лица, исто така, ќе “изградат tamper-proof информатички систем за информации околу добротворните организации и ќе го зајакнат авторитетот, транспарентноста и јавната доверба во објавувањето информации и услугите за пребарување”.

Блокчејн ќе има приоритет во рамките на овој планот, при што системот за следење на добротворните донации треба да се надгради до крајот на оваа година. Планот потврдува дека блокчејн технолошка компонента е избрана за да го комплетира новиот круг на надградба на платформата ‘Charity China’.

Различните блокчејн планови и натаму избиваат од Кинеската влада оваа година, и покрај тековната акција против криптовалутите и оваа технологија.

Како што објави Cointelegraph, популарната социјална мрежа WeChat го блокираше каналот за продажба на Биткоин (BTC), гигантот за фармање Bitmain оваа недела, најновото во серија мерки по новите барања за тоа како крипто може да се промовира од Пекинг кон крајот на август.

Истовремено, минатата недела Кинескиот Врховен суд пресуди дека доказите автентицирани со блокчејн технологија се обврзувачки во правни спорови.

Leave a comment