Кина ја проширува забраната за крипто-промовирање и надвор од главниот град

Кинескиот анти-крипто напад продолжува, откако комерцијални локации добија забрана за хостинг крипто поврзани настани, и истата е спроведена и во Гуангжу развојниот округ, извести локалниит медиум Jiemian на 29-ти август.

Развојната област Гуангжу е посебна економска зона во јужна Кина, во близина на Хонг Конг. Бирото за финансиски развој на округот, наводно, издаде известување за новата забрана на 24-ти август, предупредувајќи на потребата да се “задржи безбедноста и стабилноста на финансискиот систем”.

Како што беше објавено минатата недела, овој потег следеше по речиси идентична забрана која беше наметната првично на места во пекингската област Чаојанг во средината на август.

Овој месец во Кина се зголемија напорите за остри мерки против домашната крипто-сфера. Серија нови мерки ги таргетираа каналите за комуникација и другите “дупки” преку кои Кинеските инвеститори можат да бидат изложени на ICOs и крипто-тргување.

На 21-ви август, платформата за социјални медиуми од 1 милијарда корисници, WeChat, постојано блокираше голем број на профили поврзани со крипто и блокчејн, кои беа обвинети за објавување крипто “hype”, спротивно на регулативите претставени претходно овој месец. WeChat операторот Tencent последователно издаде соопштение во кое се наведува забрана за крипто-тргување, по чив пример дејствуваа и други технолошки гиганти.

Кинескиот Google, Baidu, затвори најмалку два популарни крипто-форуми со известување, наводно информирајќи ги корисниците дека овој потег доаѓа “во согласност со релевантните закони, регулативи и политики”.

Кинескиот гигант за е-трговија, Alibaba, чија подружница Ant Financial работи на популарната апликација за интернет исплата, Alipay, сега појасни дека ќе ограничи или трајно ќе ги забрани сите акаунти за кои смета дека се вклучени во крипто-тргување. На 24-ти август, Alipay првпат ги таргетираше овие акаунти користејќи ја својата мрежа за ги пресретне  Биткоин (BTC) over-the-counter (OTC)  тргувањата.

На 24-ти август, Народната банка на Кина (PBoC) издаде сопствено предупредување за ризик против “нелегални” ICO, предупредувајќи дека блокчејнот и идејата за “финансиска иновација” се користат за привлекување на инвеститорите како “трик”, во кој се кријат измамнички Ponzi шеми.

Исто така, во тек се нови мерки за зајакнување на “расчистувањето” на third-party крипто-канали за плаќање, вклучувајќи ги и оние кои се користат за over-the-counter тргување. Во јануари оваа година, Пекинг ги забрани fringe платформите, вклучувајќи и ресурси од типот “peer-to-peer” (P2P) и прекуокеанските ресурси, зацврстувајќи го ембаргото за крипто-деловно тргување и ICOs од септември 2017-та година.

Leave a comment