Кина: Три хакери уапсени за наводно крадење 87 милиони долари во крипто

Кинеската полиција уапси три “искусни” хакери за кои се сомнева дека краделе 600 милиони јуани (околу 87,3 милиони долари) во крипто, објави локалниот весник Xinhua на 18-ти август.

Наводно, алармот најпрвин беше покренат од страна на поединец идентификуван преку презимето Жанг, за кое се вели дека прв ја поднел својата жалба на 30-ти март, во локалната полиција во северозападниот град Ксиан.

Жртвата тврдел дека неговиот компјутер бил хакиран, што резултирало со кражба на Биткоин (BTC), Ethereum (ETH) и други крипто-средства вредни до 100 милиони јуани (14,5 милиони долари).

Првичните истраги од страна на посветена полициска работна група посочија дека осомничените користеле напад од далеку за да префрлаат средства од компјутерот на Жанг, без да остават трага, што наводно, се смета за “редок случај.”

Се верува дека властите добиле помош од неколку локални интернет-провајдери, овозможувајќи им да го идентификуваат првиот осомничен, поединец познат како Џоу, во рок од три месеци. По два месеца, сите тројца соучесници сега се уапсени во различни региони на Кина – провинциите Хуан и Чангчун, како и Пекинг.

Тројцата осомничени се обвинети за координирање на пошироки серии на напади врз претпријатија и поединци во вредност од вкупно 600 милиони јуани (околу 87,3 милиони долари). Како што известува Xinhua, истрагите продолжуваат.

како што претходно беше објавено од Cointelegraph, Кинеската полиција уапси вкупно 20 осомничени во голем случај за крипто-крадење, преку кој наводно, биле заразени  преку милион компјутери и генерирал 15 милиони јуани (околу 2,2 милиони долари) во нелегални профити во текот на две години.

Leave a comment