Каталонска влада ќе изработи план за интеграција на блокчејн технологиите

The Generalitat de Catalunya  (Влада на Каталонија) објави план за имплементирање на блокчејн технологијата во јавната администрација, според официјалното соопштение за печатот на 24-ти јули.

Generalitat de Catalunya, официјална владина институција на Шпанската автономна заедница Каталонија, ќе ја промовира блокчејн технологијата “со цел подобрување на дигиталните услуги за јавноста и промовирање на потенцијалот на оваа технологија помеѓу администрацијата, компаниите и граѓаните.”

Според соопштението за печатот, Одделот за дигитални политики на Каталонија мора да изработи план за инкорпорирање на блокчејн технологии во сите области на јавната администрација до крајот на декември 2018-та година.

Стратегијата на Одделот за дигитални политики, која ќе биде формирана од меѓусекторска работна група, има за цел да промовира “знаење, обука и создавање на талент во областа на ‘блокчејн’”, како и да ги идентификува областите во кои технологијата има максимален потенцијал и економска вредност.

Шпанија веќе ја прифати употребата на блокчејн технологиите во различни индустрии. Во мај, Barcelona Tech City го најави креирањето на специјализираниот простор за развој на блокчејн технологијата, а банката Santander со седиште во Шпанија стана првата глобална компанија која користеше блокчејн технологија за гласање на инвеститорите.

Leave a comment