Канадска банка отвори сеф за депозити за крипто компании

Канадска банка вели дека нејзиниот дигитален безбедносен сеф за депозити е подготвен за употреба.

VersaBank во четвртокот објави дека новиот VersaVault проект успешно го заврши своето бета тестирањето. Дигиталната банка планира да им го понуди виртуелниот сеф на крипто берзите и крипто инвестициските фондови за складирање на нивните дигитални средства.

Директорот на VersaBank за односи со инвеститори, Вејд Мекбејн, изјави дека банката веќе има добиено над 200 барања за VersaVault.

Во соопштението, извршниот директор на VersaBank, Дејвид Тејлор додаде:

“Додека многумина размислуваат за идеи и планови за дигитален сеф за депозити, ние го дизајниравме и го изградивме, а сега комерцијализираме  прва од ваков вид услуга која им нуди на нашите клиенти најсовремена технологија за безбедност и автентикација достапна на глобално ниво, во која клиентите уживаат апсолутна приватност.”

Производот беше првпат објавен во јануари 2018-та година, а банката, најмала по актива во Канада, потпиша за два бета корисници во март.

VersaBank го ангажираше Гурприт Сахота, поранешен одговорен за сајбер безбедност на Blackberry производителот, за да го предводи проектот во јануари.

“Биткоин и други криптовалути брзо се здобиваат со популарност и сопствениците веќе доживеале своите вредни средства да исчезнат од помалку сигурни опции за дигитално складирање”, се вели во соопштението на банката претходно оваа година.

Leave a comment