Канабисот и крипто: Со еднакви бенефиции во борбата за влез во мејнстримот

Криптовалутите привлекоа големо внимание кога вкупниот market cap на индустријата достигна 600 милијарди долари на крајот од минатата година. На високо очекуваната индустрија за канабис во Соединетите Американски Држави, исто така, се наметнува во центарот на вниманието со “green rush” на инвеститори што го поплавуваат Вол Стрит, и кои очекуваат индустријата да вреди 75 милијарди долари до 2030-та година.

Покрај привлекувањето на големи количини на храбри нови инвеститори, крипто и канабис индустриите во САД, исто така, делат неколку главни проблеми: и двете се со висок ризик, правно несигурни и владините регулатори дишат во нивниот врат. Потенцијалната употреба на криптовалути и блокчејн се усогласува со барањата на пазарот за канабис, и преку координирани напори, неочекуваниот пар може да се движи кон легитимитет во динамичната модерна економија.

Канабис монети

Бизнисите со канабис во САД работат на основа само со готовина, бидејќи банките, кои сите работат под федерална регулатива, им се забранува да ја услужат индустријата која сé уште се смета за нелегална според федералниот закон. Дистрибутерите на канабис може да задржат до 100.000 долари во готовина во било кое дадено време, и ако финансиите од бизнисот не се пријавени на државните регулатори, нивните пари се исклучително ранливи од заплена од страна на полицијата со користење на широк дијапазон на закони за одземање на имот.

Од другата страна па, државните ризници не го собираат својот фер удел на даноците за продажба на марихуана. Непријатните и несигурни постапки за наплата на даноците, при што сопствениците на аптеките можеби ќе мора да ја преминат државата со вооружени чувари за да достават сто илјади долари во готовина на канцелариите на IRS во државата, многу бизниси ги скратуваат информациите додека известуваат за продажбата.

PotCoin, една од најпопуларните канабис криптовалути, беше за првпат креирана во 2014-та година за да одговори на финансиските ограничувања на диспанзерите на канабисот. PotCoin го насочи пазарот за рекреативни марихуани во Колорадо и инсталира ATM на PotCoin во диспанзерите низ државата, но не успеа да се интегрира во истите на почетокот од својот мандат. Во пресвртот на настани, вредноста на валутата достигна 76% за само еден ден, откако познатата NBA ѕвезда Денис Родман ја носеше маичката PotCoin.com додека патуваше во Северна Кореја под интензивно медиумско внимание. Тековната market cap покрива околу 10 милиони долари во прес-време.

Иако PotCoin се бори да се позиционира себеси како потпора во индустријата, таа објави промотивен договор со WeedMD во декември минатата година во она што се чини дека е почеток на партнерство помеѓу криптовалутите и федерално лиценциран производител и дистрибутер на медицински канабис. Членовите на заедницата кои имаат право да купуваат на WeedMD ќе бидат наградени за користење на PotCoin. Најавата беше направена во пресрет на легализацијата на рекреативната тревка во Канада ова лето.

Како дел од глобалната иницијатива за масовно усвојување, Potcoin работеше со тимови на девелопери во PotWallet и General Bytes PotCoin за да почнат да ја нудат својата валута во повеќе од 800 крипто-банкомати ширум светот со цел да се направат средствата поотположливи за клиентите и да се олесни процесот на трансакција за продавачите на канабис.

Слично на PotCoin, CannabisCoin се опишува како криптовалута базирана на марихуана за продажба ако медицинска марихуана. Девелоперите создале “CAANdy систем”, при што еден грам марихуана чини 1 CANN. Креаторите на CannabisCoin се обидоа да создадат поедноставен и одговорен систем за диспанзерите за увид на продажбата за медицински цели со цел да се усогласат со строгите регулативи во САД кои обезбедуваат медицинската марихуана да не завршува во погрешни раце.

HempCoin е исто така една од првите 30 криптовалути создадени во 2014-та година, но се фокусира на фармерите на марихуана и диспанзерите. Првата монета прво се осврна на потребата од финансиска инфраструктура за фармерите на канабис, но ја прошири својата мисија во главно да ја услужува земјоделската индустрија.

Во август, HempCoin објави партнерство со Evolution Host, VPS hosting провајдер кој ќе го прифати HempCoin како платежно средство во обид да го промовира широкото прифаќање на неговата употреба. Исто така, HempCoin е прифатена на Stembis.com, главен Канадски онлајн-пазар за канабис.

Марихуана altcoin-ите успеале да забележат некаков успех; сепак, повеќето се обидуваат да го најдат своето мејнстрим прифаќање и не успеаја да обезбедат големо враќање на инвеститорите. Најпопуларните монети PotCoin и HempCoin, стојат на market cap под 10.000.000 долари, броеви кои тешко може да се наречат импресивни.

Недовршена ICO

Друго големо прашање со кое се соочуваат канабис бизнисите се високите трошоци за отворање на диспанзер за канабис, кои се многу повисоки од оние на типичен мал бизнис. Вкупниот износ на надоместоците за лиценцирање и дозволи, изнаоѓање малопродажен простор за купување кој е pot-friendly, инвестирање во POS и системи за безбедност и со доволно капитал за да се демонстрира одржливоста на бизнисот, може да чини помеѓу 250.000 и 750.000 долари.

Малите бизниси во секторот на канабис може да ги искористат предностите во Jumpstart Our Business Startups (JOBS) кој го проширува пристапот на претприемачите кон капиталот, овозможувајќи им да се вклучат во иницијативи како што се ICO. Наслов IV, или Регулатива А +, им овозможува на приватните бизниси да соберат до 50 милиони долари од јавните инвеститори, што е особено корисно за малите диспанзери со цел да се приклучат на поголем број онлајн инвеститори.

High Times Holding Corp први најавија дека ќе ги прифатат Биткоин и Ethereum во својата IPO во август, што ќе ја направи првата традиционална берзанска понуда која ќе прифати крипто-инвестиции со искористување на регулативата А +. Сепак, компанијата очигледно се откажа од ветувањето дека ќе ги прифати BTC и ЕТH во IPO само две недели подоцна, кога потпишале регулаторна документација со Securities and Exchange Commission (SEC), ислучувајќи ги криптовалутите.

И покрај конфузијата, Биткоин останува како опција за плаќање на инвестицискиот портал на компанијата. Претставник од High Times појасни дека трета страна ќе го претвори Биткоин во fiat валута за компанијата да избегнува инвестиции како криптовалути и какви било контроверзии со SEC. Главниот извршен директор на медиумската организација за марихуана, Адам Левин, изјави дека “не верувал дека процесот на ICO е вистинскиот потег за брендот, и би било глупаво да ја напуштат оваа нова база на инвеститори”.

Блокчејн како алатка за легитимитет

Рекламирањето канабис бизниси и производи е забрането во многу случаи поради строгите федерални регулативи. Најголемите платформи како Google и Facebook најверојатно нема да ги променат своите политики против рекламирање на легална и рекреативна употреба на дрога, додека марихуаната не се расчисти на федерално ниво, што не се очекува под анти-марихуана администрацијата на Трамп.

И покрај 29-те држави што имаат веќе легализирана медицинска марихуана, има неколку образовни ресурси или услуги кои обезбедуваат информации за придобивките и потенцијалните несакани ефекти на одредени видови на марихуана. Историјата на производството или потеклото на одредени видови за продажба е уште помалку јасна за потрошувачите.

Канадската “социјална мрежа за марихуана” CannaSOS, базирана на блокчејн, се осврнува на многу од недостатоците на новата легализирана индустрија за канабис во земјата. CannaSOS интегрира блокчејн технологија во својата платформа за поврзување на купувачи, продавачи и реклами во транспарентна и одговорна мрежа. CannaSOS обезбедува централизирано онлајн место за средба за канабис ентузијастите да се вклучат со други корисници, да најдат и да споделат информации поврзани со канабис, да бараат и да ги разгледаат посебните видови и да лоцираат 420-френдли бизниси. Веб-сајтот го наградува учеството на корисниците со Perk$coins кои можат да се конвертираат во fiat валута или разменуваат за стоки и услуги понудени од страна на бизнисите во CannaSOS  мрежата.

The Cannabis Hemp Exchange, или CHEX, е слична услуга која обезбедува платформа за култиватори за канабис, производители, посредници и продуктни брендови за употреба за маркетинг, управување со нарачки и дистрибуција. CHEX е опишан како услуга за големопродажна размена на стока од канабис во B2B трансакции или за business-to-business клиенти.

Блокчејн фирмата Paragon се осврнува на побарувачката за поголема транспарентност и стандардизација во синџирите на снабдување со канабис преку создавање крипто-токен изграден на smart contracts за систематизација на традиционално фрагментираната индустрија за канабис. Дигиталниот токен на компанијата, ParagonCoin, им овозможува на корисниците директно да учествуваат на платформата Paragon и, како и другите од ваков вид, нудат банкарска алтернатива за бизнисите со канабис. ICO на Paragon, што се одржа минатата година, собра 70 милиони долари, но беше погодена од тврдењата дека ParagonCoin е преценет.

Во тандем, блокчејнот со отворен код на Paragon, Parachain, обезбедува непроменливост и лесен пристап до податоци во врска со финалните производи од канабис. Решението на Paragon наречено “seed-to-sale” значи дека бизнисите нема да мора да го доведуваат во прашање изворот на финалниот производ продаден на потрошувачите. Секоја фаза во синџирот на снабдување се следи од одговорни страни – како фармерите, производителите, логистиката и научниците кои го тестираат производот во лаборатории – и го лансирале како smart contract.

Дополнително, деловниот модел на Парагон ја сочинува потребата за физички работни простории за бизниси и претприемачи на канабис и нуди локации за соработка на кои членовите можат да плаќаат исклучиво со криптовалути – една од првите понуди за all-crypto недвижнини. Генералниот извршен директор на Paragon, Џесика Верстег, вели дека работниот простор е во полн капацитет со 80 станари и дека Paragon соработува со разни љубители на канабис како што се Dank City, Aurora Elixirs, Green Helix и подкастот Casually Baked.

Канабис и криптовалути: пар од рајот

Логистиката и менаџмент на синџирот на снабдување се најсилните потреби за донесување блокчејн. Напорите за додавање транспарентност и одговорност кон управувањето со синџирот на снабдување на бизнисите со канабис даваат позитивни ефекти врз социјалната стигма околу употребата на марихуана. Медицински марихуана диспанзери успешно го ребрендираат лекот преку обезбедување на детални информации за лековите својства на одредени видови, но заедниците кои се движат за да ја легализираат, сè уште доживуваат притисок поради загриженоста дека легалниот канабис неизбежно ќе падне во погрешни раце.

Блокчејн решенијата, како што се ‘seed-to-sale’ на Paragon, “социјалната мрежа за марихуана” на CannaSOS или диспанзери кои користат криптовалути како сигурен и одговорен механизам за продажба, се клучни за обезбедување одговорност во канабис индустријата и за олеснување на позитивниот екосистем за купувачите и продавачите.

Растечката индустрија за канабис во САД ја докажа својата профитабилност (националната продажба на марихуана во САД се проценува дека ќе достигне 11 милијарди долари оваа година), но во смисла на комодизација, канабисот се уште се соочува со многу пречки.

Leave a comment