Кампањска мониторинг група во Калифорнија забрани политички донации во Биткоин

Калифорнискиот регулатор за кампањи неодамна го забрани Биткоин (BTC) во политички донации, објави Associated Press денес, 21-ви септември.

Во август, Комисијата за фер политички практики (FPPC) размислуваше да дозволи донации во криптовалути. Мониторинг групата планира дискусија за употребата на биткоин и други криптовалути за политички придонеси и да дискутира за нивното усвојување.

FPPC тогаш организираше гласање за донациите од криптовалути како Биткоин во четвртокот, 20-ти септември. Според AP, членовите гласаа 3-1 за забраната, истакнувајќи дека потеклото на криптовалутите е тешко да се следи и се поставуваат прашања во врска со транспарентноста.

Сојузната изборна комисија на САД генерално им овозможува на донации во Биткоин на федералните кандидати. Сепак, неколку држави имаат забранети или ограничени такви придонеси – Јужна Каролина целосно ги забрани донациите во Биткоин, додека Колорадо и Монтана им дозволуваат ама со ограничувања, пишува AP.

Калифорнија претходно се двоумеше за забрана за биткоин трансакции околу добротворни цели, но предлогот не е прифатен од тогаш.

Cointelegraph претходно наброја неколку Американски политичари кои успеале да привлечат средства за своите политички кампањи преку крипто. Сепак, некои од кампањите покренаа прашања за транспарентноста и законитоста на таквите придонеси.

На пример, во мај 2018-та година, поранешниот помошник на Обама за крипто и дигитални технологии, Брајан Форде, беше критикуван поради прифаќањето на донациите од Биткоин за време на неговата кампања за Претставничкиот дом на САД. Во рекламата на Фордовиот противник, донаторите на Форде биле прикажани како “биткоински шпекулатори кои се противат на справувањео со дрога и трговијата со луѓе”. Форде ги сметал коментарите “видливо неточни”.

Leave a comment