Камбоџанска крипто-платформа се пријави за лиценца за да стане првата која е законски сертифицирана

Во Кралството Камбоџа, потребно е да се има лиценца за операции во врска со крипто-размени.

Во моментов, COINYEX Co, Ltd (кој ќе биде отворен во септември) е единствената платформа која веќе се пријави за лиценцата.

COINYEX Co, Ltd официјално започна процедури за аплицирање за да се добие лиценца за операции со крипто-размена.

TUX GLOBAL sdn.bhd * 1, издавач на TOUREXCOIN, планира да ја отвори платформата за крипто-размена (COINYEX Co., Ltd * 2) во Кралството Камбоџа во септември 2018-та година.

За за вакви крипто-операции во Кралството Камбоџа, потребно е да се добие лиценца од Националната банка на Камбоџа (NBC), Комисијата за хартии од вредност на Камбоџа и Генералниот комесаријат на националната полиција, со цел да се избегне ризици како на пр. од Ponzi шеми, компјутерски криминал или перење пари.

COINYEX Co, Ltd започна многу рано процедури за аплицирање до надлежните органи во земјата за добивање на лиценца за размена на крипто. Во моментов, COINYEX Co, Ltd е единствената платформа која веќе аплицираше за лиценцата.

Според тоа, откако ќе добие лиценца, COINYEX, Inc ќе го постави TOUREXCOIN како клучна крипто валута и ќе се занимава со други различни монети. Со TOUREXCOIN ќе се тргува во реално време како крипто валута која може да се користи за порамнување.

TOUREXCOIN има значајната позиција на платформата за размена, бидејќи TUX платформата развиена од TUXGLOBAL sdn.bhd е механизам кој ќе се користи за порамнување. Фокусирањето на крипто платформа за размена, заедно со settlement agent  и воспоставување на 1DB метод, TOUREXCOIN сега конечно влезе во практичната фаза.

TOUREXCOIN е во завршна фаза, откако помина низ  Private Sale, нудејќи пред-продажба. TOUREXCOIN се движи напред за да се постигне “cash-less town” како крипто валута која ќе биде достапна  низ целиот свет.

Церемонијата на отворање на COINYEX е закажана кон крајот на септември во хотелот Sokha Phnom Penh во Камбоџа.

* 1 TUX GLOBAL sdn.bhd:

Седиште: Куала Лумпур

Извршен директор: г-дин ШОЏИ ЈУСУНОКИ

Бизнис области: издавање на крипто валута, развој на дигитална платформа, бизнис консултантски услуги и друго.

* 2 COINYEX, Inc:

Корпоративен претставник: Г-дин ЈИН СОТАПАНХ, кој е во раководство на голем број компании, како што се транспортот и логистиката, како и неколку ресторани во Камбоџа.

Сопственик: Г-дин ШОЏИ ЈУСУНОКИ, кој работи на странска платформа за размена на валути, TOUREX во Јапонија.

Leave a comment