Како 5 азиски земји регулираат криптовалути

Одборот за финансиска стабилност детално објаснува како нејзините земји-членки ги регулираат крипто-средствата, кои се регулаторите и опфатот на нивниот надзор. Повеќето земји имаат повеќе од едно државно тело за следење и регулирање на различни аспекти од крипто активностите. Меѓу азиските земји-членки на одборот, Индија е единствената без легален мандат за директно регулирање на крипто средства.

Индија

Три регулатори – Резервната банка на Индија (RBI), Одборот за хартии од вредност на Индија (SEBI) и Министерството за финансии – редовно присуствуваат на состаноците на Одборот за финансиска стабилност (FSB) и на самитите на Г-20. FSB е меѓународно тело кое го следи и дава препораки за глобалниот финансиски систем. За неа се наведени само RBI и централната банка на земјата, како регулатори на Индискиот крипто простор, во извештајот објавен во петокот:

“RBI нема легален мандат за директно регулирање на крипто-средствата. Тековниот мандат на RBI дозволува да се процени изложеноста на финансиските институции на крипто-средства и да се надгледува нивното работење.”

Резервната банка на Индија

Во рамките на својот мандат, централната банка им забранува на финансиските институции да се занимаваат со “или да обезбедуваат услуги за кое било лице или ентитет во справувањето или решавањето со криптовалути”, објаснува FSB. Тројцата гореспоменати регулатори се дел од панелот предводен од Субхаш Чандра Гарг, секретар на Одделот за економски прашања, задолжен за изготвување на крипто регулатива во земјата. Според владата, овој панел е во завршна фаза на разгледување. Крипто регулативата на Индија се очекуваше да биде презентирана до Врховниот суд на земјата на 29-ти март, но судот одложи без решавање на прашањето до јули.

Јапонија

На спротивниот крај на крипто регулаторниот спектар, Јапонија ги легализира криптовалутите како средство за исплата во април 2017-та година според променетиот Закон за платежни услуги.

Главниот регулатор е Агенцијата за финансиски услуги (FSA) која врши надзор над давателите на услуги за крипто берзи. Од крипто берзите се бара да се регистрираат кај агенцијата. Во моментов има 19 регистрирани берзи со над 140 компании заинтересирани да влезат на пазарот. FSA, исто така, соработува со саморегулаторна организација за дополнителен надзор. Покрај тоа, агенцијата се ангажира во дискусии на меѓународната политика за крипто средства и во моментов разговара за политиките за ICOs.

Банката на Јапонија

Покрај FSA, две други владини тела се вклучени во регулирањето на Јапонската крипто-индустрија: централната банка и Министерството за финансии.

Банката на Јапонија формираше fintech центар во рамките на Одделот за системи за исплата и порамнување во 2016-та година. Центарот спроведува истражувања за нови технологии, вклучувајќи криптовалути и како тие би можеле да ги променат постоечките финансиски услуги и структури. Министерството за финансии е одговорно за надгледување и застапување на трговијата со крипто средства според Законот за девизно и надворешно трговско работење, вклучувајќи го и планирањето и извршувањето на крипто-оданочувањето.

Јужна Кореја

Постојат три регулатори за крипто активности во Јужна Кореја, при што главниот регулатор е Комисијата за финансиски услуги (FSC). Одборот за финансиска стабилност изјави:

FSC промовира размена на информации и соработка со меѓународни организации, особено во однос на виртуелната валути, и е одговорна за анализирање на трендовите и воспоставувањето политики на пазарот на дигитални валути и за интегрирање и координирање на политиките и главните планови во системот за спречување на перење пари поврзани со виртуелните валути.

Во меѓувреме, Службата за финансиски надзор (FSS) е одговорна за надзор, интегритет на пазарот, општа заштита од измама и заштита на потрошувачите од активности поврзани со крипто.

Банката на Јужна Кореја

FSS и FSC работеа заедно за да ги произведат крипто мерките на земјата за крајот од 2017-та година и дополнителните насоки во јануари минатата година. Сепак, тие допрва треба да воведат какви било понатамошни мерки. Во меѓувреме, на ICO им е забрането да бидат лансирани во земјата. Најмалку шест закони се поднесени до Националното собрание, но никој од нив не е усвоен, изјавија од FSC.

Двата регулатори го имплементираа real-name системот во јануари минатата година, со цел да ги претворат сите анонимни крипто акаунти во одобрени акаунти со вистински имиња. Покрај тоа, Корејската финансиска разузнавачка единица издаде упатства за известување за банките за спречување на перење пари преку крипто трансакции. Земјата, исто така, работи на оданочување на крипто средства.

Последниот регулатор на листата на Јужна Кореја од страна на FSB е централната банка. Банката на Кореја го следи и истражува развојот на крипто средствата и нивните влијанија врз економијата и финансиската стабилност, вклучувајќи ги и импликациите од користењето на криптовалутите како платежни инструменти.

Сингапур

И покрај раната историја на земјата во оваа сфера, единствен крипто регулатор на Сингапур е централната банка, Монетарната управа на Сингапур (МAS), која врши многу регулаторни функции.

Прво, ги следи “прудентните изложености на банките, осигурителните компании и менаџерите на крипто-средства”. Исто така, “ги регулира активностите и институциите кои вршат активности поврзани со крипто средства, ако се работи за производи на пазари на капитал” според Законот за хартии од вредност и фјучерси, објаснија од FSB . Освен тоа, покрај следењето на “ризиците за финансиска стабилност поставени од крипто-средства”, централната банка “го прошири својот надзор и собирањето информации од крипто пазарот”.


Монетарната управа на Сингапур (МAS)

MAS дополнително ги регулира крипто бизнисите како дел од нејзиното регулирање на платните системи, складиштата, бизнисите за дознаки и менувачите на пари. FSB објасни дека претстојниот Закон за платежни услуги ќе го прошири регулаторниот опсег на “MAS за покривање на дополнителни активности за плаќање, вклучувајќи ги услугите за токенските дигитални исплати.” Исто така, ќе се утврдат “прописи за AML / CFT за ублажување на ризиците што ги претставуваат субјектите … кои се спроведени од активностите поврзани со крипто.”

Кина

Друг член на FSB, Кина стана жариште на крипто активност во раната фаза на биткоин, но потоа започна со сериозен надзор над крипто-индустријата, забранувајќи ги крипто берзите во 2017-та година. Покрај Народна банка на Кина (PBOC), централната банка на земјата , пет други владини тела ги регулираат активностите поврзани со крипто во Кина.

Администрацијата на Кина за сајбер просторот ги следи активностите поврзани со крипто и ги исправа сите откриени проблеми. Министерството за индустрија и информатичка технологија забранува и исклучува нелегални веб-сајтови поврзани со криптовалути, истакна FSB. Друг регулатор е Министерството за јавна безбедност, кое забранува крипто активности, кои се “осомничени за нелегални криминални активности, вклучувајќи ги и нелегалните шеми за собирање финансиски средства, измами и пирамида-шемите”.

Народната банка на Кина

Во меѓувреме, Кинеската регулаторна комисија за банкарство и осигурување “внимателно го следи развојот на крипто-средства во Кина и нивниот потенцијален ризик за банкарскиот и осигурителниот систем”, истакна одборот. И на крај, Регулаторната комисија за хартии од вредност во земјата, која се бори против илегалното издавање на хартии од вредност, “сега ги зајакнува истражувањата за прашањата поврзани со хартиите од вредност и крипто-средствата”.

Leave a comment