Како функционираат крипто измамите

Милиони инвеститори во криптовалути се измамени за огромни суми на пари. Во 2018-та година, загубите од кривични дела поврзани со криптовалути изнесуваа 1,7 милијарди американски долари. Криминалците ги користат тактиките од старомодната и новата технологија за да измамат во шеми врз основа на дигитални валути разменети преку онлајн бази на податоци наречени блокчејни.

Од истражување на блокчејн, криптовалути и компјутерски криминал, може да се види дека некои крипто измамници се потпираат на проверени и вистински Ponzi шеми кои користат приход од новите учесници за да ги исплатат уложувањата од претходните инвеститори.

Други користат високо автоматизирани и софистицирани процеси, вклучувајќи и автоматски софтвер кој комуницира со Telegram, систем за инстант пораки на интернет кој е популарен кај оние заинтересирани за криптовалути. Дури и кога крипто планот е легитимен, измамниците сѐ уште можат да манипулираат со неговата цена на пазарот.

Меѓутоа, се поставува уште поедноставно прашање: Како инвеститорите се привлечени од овие крипто измами?

Слаткоречиви измамници

Некои крипто измамници целат на алчноста на луѓето, ветувајќи големи враќања. На пример, една непозната група претприемачи која раководи со измамничкиот бот iCenter, кој е Ponzi шема за Биткоин и Litecoin. Не дава информации за инвестиционите стратегии, но некако им ветува на инвеститори 1,2% дневно враќање на инвестициите.

Шемата iCenter работи преку групен чет на Telegram. Таа започнува со мала група на измамници кои се задолжени да привлечат жртви. Тие добиваат референтен код што го делат со други, во блогови и во социјалните медиуми, надевајќи се дека ќе ги приклучат во четот. Откако ќе влезат во него, новодојденците гледаат охрабрувачки и возбудливи пораки од оригиналните измамници. Некои новодојденци решаваат да инвестираат, и во тој момент им се доделуваат поединечни биткоин паричници, во кои можат да внесуваат биткоини. Тие се согласуваат да чекаат одреден временски период – 99 или 120 дена – за да добијат значително враќање на инвестициите.

Во тоа време, новодојденците често ги користат социјалните медиуми за да ги споделат своите референтни кодови со пријателите и контактите, носејќи повеќе луѓе во групниот чет и во инвестициската шема. Нема вистински инвестиции на средствата во било кој легитимен бизнис. Наместо тоа, кога ќе се приклучат нови луѓе, лицето кое ги регрутира добива процент од новите фондови, а циклусот продолжува, исплаќајќи ги претходните учесници од секој круг на нови инвеститори.

Некои членови особено работат напорно за да внесат нови фондови, да објавуваат туториал видеа и слики од себе, држејќи големи количини на пари за да навлечат повеќе луѓе во измамата.

Лаги и повеќе лаги

Некои измамници се директни со измамата. Основачите на крипто проектот OneCoin ги измамиле инвеститорите за 3,8 милијарди долари убедувајќи ги луѓето дека нивната непостоечка криптовалута е реална.

Другите измами се базираат импресионирање на потенцијални жртви со жаргон или тврдења за специјализирано знаење. The Global Trading тврдеа дека ги искористиле разликите во цените на разни крипто берзи за да профитираат од она што се нарекува арбитража – купување за поевтино и потоа продавање по повисоки цени. Всушност тие само земале пари од инвеститорите.

Global Trading исто така користеше бот на Telegram – инвеститорите можеа да испратат порака за проверка на својот баланс и да добијат одговор со лажни информации за тоа колку имаат на нивната сметка, понекогаш дури и да гледаат дека салдата се искачуваат за 1% за еден час. Со ваквите враќања на инвестициите, кој може да ги обвини луѓето за споделување на шемата со своите пријатели и семејства по социјалните медиуми?

Експлоатирање на пријателите и семејството

Штом ќе започне шемата, останува жива – барем подолго време – преку социјалните медиуми. Едно лице добива ветување за големи враќања од крипто инвестиции и го шири зборот до пријателите и членовите на семејството.

Понекогаш се вклучени и големи имиња. На пример, главниот зад GainBitcoin и други наводни измами во Индија убеди голем број познати личности од Боливуд да ја промовираат неговата книга “Криптовалути за почетници”. Тој дури се обиде да се направи славна личност, прогласувајќи се за “крипто гуру” како што тој водеше потези кои ги чинеа инвеститорите меѓу 769 и 2 милијарди долари.

Не сите познати личности знаат дека се вклучени. Во еден блог пост, iCenter постираа видео кое наводно го вклучуваше Двејн “The Rock” Џонсон, држејќи знак со лого на iCenter. Видеата на Џастин Тимберлејк и Кристофер Вокен беа лажно едитирани исто така со цел да го фалат iCenter.

Измамнички ICO

Многу ICO се покажаа како измами, при што нивните организаторите се занимаваа со истри планови, дури и изнајмуваа лажни канцеларии и создаваа фантастични маркетинг материјали. Во 2017-та година, големата возбуда и медиумска покриеност во врска со крипто потхрани огромен бран на ICO кои беа измама. Во 2018-та година, околу 1.000 ICO пропаднаа, чинејќи ги поддржувачите најмалку 100 милиони долари. Многу од овие проекти немаа оригинални идеи – повеќе од 15% од нив ги копирале идеите од други крипто проекти, па дури и плагирале додатна документација.

Инвеститорите кои бараат враќање на инвестициите во новиот технолошки сектор сè уште се заинтересирани за блокчејн и криптовалути – но треба да внимаваат дека тие се комплексни системи кои се нови дури и за оние кои ги продаваат. Новодојденците и релативните експерти исто така паднаа жртви на измами.

Во една средина како што е актуелниот пазар на криптовалути, потенцијалните инвеститори треба да бидат многу внимателни во истражувањето каде ги внесуваат своите пари и да бидат сигурни дека ќе дознаат кој е вклучен, како и кој е всушност планот за правење вистински пари – без да измамат други.

Leave a comment