Како Малта станува блокчејн центар на светот: разговор со водечка адвокатска фирма

На 4-ти јули 2018-ти година, Парламентот на Малта одобри регулаторна рамка за блокчејн технологијата, со што Малта стана една од најпознатите земји кои се “blockchain-friendly” во светот.

Cointelegraph разговараше со Симон Шембри, партнер во Ganado Advocates – една од водечките правни фирми во Малта, која беше вклучена во изготвувањето на законот –  што тој значи за земјата, инвеститорите и иднината.

Како започна се

“Започна пред неколку години кога имаше почетна иницијатива од неколку помали организации во земјата, а потоа доби голем интензитет од јуни минатата година, по повторниот избор на сегашната влада.”

“Целта беше да се направи Малта блокчејн центар, привлекувајќи голем број на инвестиции во земјата. И мислам дека, целта на регулативата веќе привлече голем интерес. Како адвокатска фирма, ние сме биле преплавени со барања и веќе работевме на голем број трансакции. Ние очекуваме дека ова ќе продолжи и ќе напредува понатаму сега кога законите се воспоставени “.

Силвио Шембри, помлад министер за финансиски услуги, дигитална економија и иновации

“Малта [е] прва светска јурисдикција која обезбеди правна сигурност за оваа сфера”.

За тоа зошто една компанија треба да размисли за водење бизнис во Малта

“Ние правиме [работи] поинаку од другите јурисдикции и не се фокусираме само на ICO и финансиските средства. Она што го правиме е создавање на правна средина за DLT и блокчејн, кои очигледно би вклучувале и ICO, крипто-средства, регулирање на платформите за размена, брокери, производители на пари, итн.”

“Тоа дава можност за DLT рамките на самиот почеток да дојдат на Малта и доброволно, – ако сакаат – да се регистрираат или да ја лиценцираат  и сертифицират својата DLT-рамка од овој нов орган, кој се нарекува Malta Digital Innovation Authority. И тоа, до одреден степен, и дава легитимација на DLT рамката. Секој знае дека едно од главните прашања што се покренати – кога станува збор за нешто поврзано со крипто-сферата – е односот со банките. Имајќи DLT рамки, со регулирани блокчејн и крипто во некој формат, ќе им се даде таа легитимизација. Важно е да се напомене дека она што го прават Малтезите не е регулирање со тешки раце. Малта воведе три закони, кои се базирани на принципи и лесна регулација”.

Извршниот директор на OKEx, Крис Ли:

“Со нетрпение очекуваме да соработуваме со владата на Малта, бидејќи напредува и делиме многу исти наши вредности: Од кои најважни се заштитата на трговците и општата јавност, усогласеност со стандардите за спречување на перење пари, познавање на вашите клиенти, признавање на иновативноста и важноста на континуираниот развој на блокчејн екосистемот”.

Многу крипто-компании веќе ги преместиле своите бизниси во Малта, вклучувајќи ги и Binance, OKEx, Tron, итн. Binance на 12-ти јули ги објави плановите за отворање на “блокчејн-базирана банка” за инвеститори со дигитални токени во земјата.

За плановите да се воведе национална криптовалута

“Во оваа фаза, од страна на влада на Малта ништо не е поставено како агенда. Но, свесни сме дека и другите земји го разгледуваат ова и веќе презедоа чекори. И ние не би биле изненадени ако тоа биде следниот чекор”.

За екосистемот на криптовалути

“Како што реков претходно, регулаторната рамка има за цел регулирање или креирање правна рамка за сè, а тоа исто така вклучува и виртуелни финансиски средства. Целта на регулаторот – во овој случај Malta Financial Services Authority – е да се воведе регулатива за тоа како белата хартија треба да се формулира при издавање на токени. Значи, тоа ќе и олесни на една компанија да отпочне и со ICO. ”

За понатамошните иницијативи

“Мислам дека моментумот е сега во Малта: гледаме голем број активности организирани од владата и приватниот сектор. На пример, како адвокатска фирма, пред неколку недели имавме локална конференција која ги објаснуваше трите закони. Секогаш сме многу активни со присуството на семинари што се организираат од различни организации. Во октомври, во Малта, ќе се случат три главни настани кои не се отворени само за малтешката јавност, но исто така тие ќе привлечат голем број меѓународни луѓе кои се заинтересирани да знаат што всушност прави Малта.”

“Навистина сме биле поставени на мапата од едноставна причина што сме прва јурисдикција која се обидува да ја регулира, или цели да ја регулира целата DLT рамка и видовме голем број значајни играчи на овој пазар кои веќе се преселени во Малта.”

За тоа зошто и другите влади треба да ја прифатат блокчејн индустријата

“Разбирам дека постои скептицизам околу криптото, но тоа е реалноста. И нашата влада – и треба да истакнам дека ова не е само Малтешка влада, туку и опозицијата, како целина го прифатија ова. И фактот дека законите што се усвојуваат од страна на парламентот се донесуваат едногласно, што е нешто што не се случува многу често на Малта, дава чувство дека ние Малтежаните, генерално, го признаваме тоа како пат кон напред. Дури и најсериозните инвеститори вклучени во крипто-просторот го признаваат фактот дека сега е потребна некоја форма на регулација. И претпоставувам дека она што го правиме како јурисдикција ќе биде внимателно следено од другите јурисдикции.”

Leave a comment