Како да тргувате со крипто на Binance

Ако сте заинтересирани да купувате или продавате криптовалути, има ретко подобри места од една од најголемите крипто берзи во светот по обем на трговија, Binance.

Основана во 2017-та година од страна на Чангпенг Жао – кој го освои првото место на листата на Највлијателни во 2018та на CoinDesk – Binance се истакна за време на историскиот крипто bull пазар во 2017-та година, поддржувајќи широк спектар на криптовалути,беше и можеби уште е една од најбрзите и најсигурни трговски платформи.

Всушност, Binance стана популарна толку брзо што CZ и Binance станаа вредни повеќе од една милијарда долари за помалку од една година, официјално стана една од првите компании кои постигнаа статус “unicorn” во криптовалентната индустрија.

Сепак, и покрај нејзината репутација како дестинација за крипто трговци, не е баш лесна за користење за корисниците кои немаат искуство во тргување или инвестиции.

Во оваа статија, ние чекор-по-чекор ќе објансиме како да ја користите Binance и да тргувате на неа.

Пријавување

Како прво, ќе треба да креирате акаунт. Секој може да се регистрира бидејќи Binance не бара информации за клиентите, но со тоа “признавате и изјавувате дека не сте на какви било трговски или економски листи за санкции”, според условите за користење.

Ова ги вклучува граѓаните на земјите-членки на листата за санкции на Советот за безбедност на ОН, Управата за контрола на надворешни средства на Одделот за финансии на САД (OFAC), меѓу другите групи.

Условите, исто така, наведуваат дека секој корисник мора да биде најмалку 18 години стар. Binance го задржува правото да го откаже или замрзне било кој акаунт ако условите не се испочитувани.

Ако овие ограничувања не важат за вас, за да се регистрирате едноставно одете на почетната страница и кликнете на регистерот.

Како по референтен систем на Binance, ќе добиете 50 отсто од надоместоците за тргување со референции.

Откако ќе ги пополните бараните полиња, кликнете на “Register” и  линкот за потврда ќе биде испратен на вашиот мејл.

Откако ќе кликнете на линкот, вашиот Binance aкаунт е подготвен да се користи.

Внесување на средства

Сега кога вашиот акаунт е активиран, но пред да го разгледате остатокот од берзата, ќе треба да додадете средства на вашиот акаунт ако сакате да купите или да продавате какви било криптовалути.

Плаќајте со кредитна картичка

Binance има функција која им овозможува на корисниците да купуваат одредени криптовалути директно со нивната Visa или Mastercard кредитна картичка. Ако сте квалификуван кандидат, одете до “Funds” табот и изберете “Buy With Credit Card.”

Потоа ќе треба да внесете количина на купување на саканата криптовалута и дали ќе плаќате со американски долар или евро. Купувањето на криптовалути со кредитна картичка во овој момент е ограничено на BTC, ЕТH и LTC.

Има минимална такса за обработка од 10 или 3,5 отсто од вкупната нарачка – која е поскапа. Откако ќе го завршите овој чекор, ќе треба да ги потврдите вашите платежни информации, мејл адресата, како и вашиот идентитет.

Потребно е да се поднесе валидна лична карта за да го потврдите вашиот идентитет.

Откако ќе се завршат сите потребни чекори, новокупената криптовалута треба да стигне во вашиот Binance паричник во рок од 10-30 минути.

Депонирање од паричник

Исто така, можете да направите депозит со испраќање средства од посебен крипто паричник во вашиот Binance акаунт.

За да го направите ова, отворете го “Funds” табот уште еднаш и кликнете на “Balances.”

На оваа страница, ќе ги видите сите криптовалути достапни за тргување на Binance. За да го депонирате соодветниот крипто во било кое од овие, едноставно кликнете на “Deposit” веднаш до крипто-средството по ваш избор.

Следно, или скенирајте го QR-кодот од вашиот паричник или внесете ја адресата, а потоа испратете го.

Откако тоа е завршено, почекајте трансакцијата да се процесира и ќе бидете подготвени за тргување.

Поставување на тргувањето

Ајде да се вратиме на почетната страница сега кога вашите средства се подготвени да се користат.

Еве, повторно ќе ги видите сите криптовалути кои може да се продадат на Binance и нивните пазари.

За овој пример, да речеме дека претходно сте депонирале 0.0024 БТК (10 долари) на вашата сметка и сега сакате да го смените за NEO.

Прво, ќе треба да го пронајдете вистинскиот пазар на NEO.

Бидејќи сакате да потрошите BTC за да добиете NЕО, кликнете на табот “BTC Markets” и потоа напишете NEO во табот за пребарување.

Кликнете на соодветниот ред и страницата каде што се одвива тргувањето ќе се отвори.

Модулот на тргување

Оваа страница може да изгледа застрашувачки, но лесно може да ја сфатите со малку пракса.

Плус, повеќето крипто берзи имаат сличен трговски интерфејс, така што она што ќе научите овде, по секоја веројатност, ќе биде релевантно на друго место.

Левиот дел од екранот е познат како книга за нарачки.

Овде, ќе ги видите сите активни лимит нарачки за купување и продавање. Лимитната нарачка е едноставно налог кој ќе биде поставен само по посакуваната цена на корисникот, со оглед на тоа дали има купувачи или продавачи кои се заинтересирани.

Десната страна на страницата е многу поедноставна – горенаведениот дел ги прикажува другите криптовалути со кои може да се тргува, а во долниот дел се прикажува историјата на јавното тргување на пазарот во моментот.

Во центарот на страната се наоѓа вистинската магија.

Овде се гледа една шема која ја покажува цената во реално време и индикаторите за техничка анализа. Под самата табела е местото каде што всушност ќе го извршите тргувањето, па ајде да купиме некои NEO.

Ако сигурноста е ваш приоритет, одберете market order. Ако сте заинтересирани само за купување на одредено ниво на цена, изберете limit или stop-limit.

За целите на овој пример, да ставиме market order, којa ќе биде поставенa веднаш по тековните пазарни цени.

Сега, само внесете го износот на BTC што сакате да го смените и колку NЕО сакате да купите. Binance има корисна кратенка за внесување на износот за купување и се базира на процент од вашиот биткоин биланс (или било кој друг соодветен пар на тргување).

Ајде да потрошиме 50 отсто од BTC билансот, и да оставиме неколку, можеби за друго тргување.

Последниот чекор е да кликнете на големото зелено копче “Buy NEO”. Бидејќи ова е market order, трговијата за 0,58 NEO треба да се заврши веднаш, но тоа најверојатно не е случај ако сте избрале limit или stop-limit.

За да го проверите статусот на вашата нарачка, погледнете кон дното на страницата каде што се вели “Open order”. Како што сугерира насловот, ако вашата нарачка се уште не е извршена, со други зборови, се уште е “отворена”, таа ќе се појави во ова поле сè додека не е откажано или пополнето.

Кога е пополнето, тоа ќе се појави во долниот дел, нагласувајќи ја вашата 24-часовна историја на нарачки.

Повлекување на средства

Додека Binance има децентрализирана берза во изработка, постојната платформа е централизирана и подложна на хакови, како и многу други веб-сајтови, па затоа се препорачува средствата да се чуваат на берзата само ако е потребно.

За да ги повлечете средствата, одете на страната “Balances”. Ако сакате да ги видите само криптовалутите од кои имате значителен биланс, проверете го полето “hide”.

Сега изберете го копчето за повлекување во редот на NEO и имајте ја вашата посакувана адреса или QR код. Постирајте ја адресата и одберете колку сакате да повлечете.

Последно, но не и најмалку важно, кликнете submit и почекајте трансакцијата да заврши.

Безбедност

Како и најсовремените крипто берзи, двофакторската автентикација (2FA) е овозможена на Binance и е препорачливо да се постави за да додадете дополнителен слој на заштита на вашиот акаунт.

За да го направите тоа, одете до резимето на вашиот акаунт со кликнување на корисничкиот аватар во горниот десен агол на почетната страница.

Откако ќе ве насочи кон страната со вашиот акаунт, најверојатно ќе се појави промпт кој ви предлага да овозможите 2FA, што се случува автоматски да се појави кога новиот корисник ќе пристапи на оваа страница.

Binance овозможува два методи за 2FA, преку СМС или Google Authenticator.

Со СМС верзијата, едноставно внесете го бројот на вашиот мобилен телефон и кодот за верификација испратен до соодветниот телефон и поставувањето ќе биде завршено.

Ако Google Authenticator е ваш 2FA избор, преземете ја мобилната апликација, отворете го и скенирајте го QR кодот обезбеден од Binance. Следно, од вас ќе биде побарано да запишете фраза од 16 зборови, која ќе се користи како резервна копија во случај да го изгубите пристапот до оваа Google автентикација.

И на крај, ќе биде побарано да внесете лозинка за најава на вашиот акаунт и кодот од автентикацијата пронајден во Google Authenticator мобилната апликација. Откако ќе ја внесете, оваа форма на 2FA безбедност ќе биде комплетна.

Предности и недостатоци

Предности

  • Ако постојано сте во движење, мобилната апликација на Binance може да биде совршена за вас. Компатибилна е со iOS, Android, како и оперативните системи за Mac и PC, така што секој може да тргува или да го следи нивниот акаунт од буквално насекаде.
  • Binance нуди голем избор на крипто пазари. Почнувајќи од 1-ви мај 2019-та година на берзата се поддржани 467 различни пазари.
  • Binance го има сопствениот токен, BNB, кој може да се искористи за надополнување на надоместоците за тргување и зајакнување на целокупната ликвидност на Binance.
  • Binance беше пионер на Initial Exchange Offerings, и со својата Launchpad  опција ја олеснува продажбата еднаш месечно за оние кои се заинтересирани да бидат рани сопственици на нови токени.
  • Повисок обем на тргување од повеќето други крипто берзи.

Недостатоци

  • Ако следењето на владини регулативи како тие од САД, тогаш можеби ќе сакате да ја испробате берзата како Coinbase или Gemini, бидејќи во овој момент Binance се уште е нерегулирана берза.
  • Многу пазари на Binance, особено оние на помалку познатите altcoins, нудат ниска ликвидност, што може да гo отежни тргувањето на големите altcoins.
  • Донекаде сложениот кориснички интерфејс може да биде предизвик за трговците и инвеститорите кои се почетници да се прилагодат на истиот.

Leave a comment