Како да патувате низ светот со Bitcoin Cash

Патувањaта ни се на е ум на сите, како што се приближува летото и крипто ентузијастите не се исклучок. Но, ако некој размислува за одмор, патувањето може да биде тешко. Крипто плаќањата може да го направат вашиот живот полесен во тој поглед, особено со bitcoin cash, што е брз и евтин начин да се плати за било што. Следниот водич ви покажува како да патувате низ светот со BCH.

Букирајте летови, хотели, автомобили и билети за возови со BCH

Многу работи се променија уште од раните денови на Биткоин и сега има многу повеќе места и начини да се трошат вашите електронски пари. Криптовалутите допрва треба да се здобијат со мејнстрим усвојување во многу сектори, но туристичката индустрија веќе се покажа дека е прилично гостопримлива кон сопствениците на крипто.

Голем број места за патување сега примаат монети вклучувајќи BCH за букирање на летови, хотели и изнајмување на автомобили. Cheapair е првата голема онлајн туристичка агенција која почна да работи со крипто плаќања откако почна да го прифаќа биткоин во 2013-та година, првично за летови, а наскоро потоа и за сместување.

Платформата со седиште во САД дејствува како посредник помеѓу давателите на овие услуги кои се платени во fiat и клиенти кои би сакале да платат со криптовалути. Како одговор на побарувачката на клиентите, Cheapair.com додаде bitcoin cash (BCH) како можност за плаќање пред околу една година, забележувајќи го подобрениот трансакциски потенцијал во споредба со bitcoin core (BTC).

Bitcoin.Travel е уште една добро позната платформа која прифаќа исплати во седум криптовалути, вклучувајќи го и BCH. На нивната веб-страница, можете да пребарувате летови, хотели и изнајмување на автомобили што ги нудат нивните партнери. Крипто плаќањата се вршат со потврда, но средствата се префрлаат на давателот на услугата најмалку еден ден откако ќе се чекирате.

Исплатата се врши во криптовалути, што значи дека бизнисите учесници прифаќаат монети. Според Полската агенција, во моментов можете да резервирате сместување, патувања или други активности користејќи ја вашата омилена криптовалута. Имајте предвид дека сепак, обидот да резервирате лет обично ве пренасочува кон партнер кој не може да поддржува крипто плаќања.

Листа од 600.000 смештаи достапни  на BCH сопствениците

За да се осигура дека поддржувачите на bitcoin cash ќе имаат можност да го организираат своето патување со помош на BCH, Bitcoin.com неодамна се здружи со Travala, водечка платформа за блокчејн резервации. Travala.com ќе биде интегрирана во Bitcoin.com Wallet чии 4 милиони корисници ќе можат да ги искористат нејзините услуги благодарение на договорот за партнерство.

Агенцијата нуди заштеди до 40% за хотелските резервации и прифаќа криптовалути, вклучувајќи го и bitcoin cash. Со повеќе од 82.000 дестинации во 210 земји, Travala е глобална платформа, а сопствениците на bitcoin cash сега ќе можат да избeрат од скоро 600.000 смештаи за нивниот следен одмор, директно од нивниот Bitcoin.com Wallet.

Destinia е уште една опција ако барате да го трошите вашиот bitcoin cash за патување. Платформата е достапна на повеќе од 30 јазици и содржи пребарувач сличен на било која друга туристичка агенција, само услугите кои ги нуди може да се платат со криптовалути. Сепак, имајте на ум дека цените се прикажани во mBCH.

Освен хотели, летови и автомобили, исто така можете да платите за билети за воз, што е добредојден додаток. Железничките компании во повеќето земји допрва треба да ги интегрираат крипто плаќањата, но Destinia веќе ја направи оваа опција за транспорт достапна за корисниците на крипто. Во моментов продава билети за железничките системи на десетина земји, вклучувајќи ги и главните туристички дестинации како што се Италија, Шпанија, Португалија, Франција, Велика Британија, Канада и САД.

И бизнис патниците се згрижени

Стартапи, професионалци и претприемачи во крипто-просторот, исто така, може да го проверат Corporate Traveller, платформа за управување со бизнис патувања базирана во Велика Британија. Како и Destinia, оваа агенција обезбедува можности за железнички транспорт заедно со летови, изнајмување на автомобили и сместување. Не така одамна Corporate Traveller почна да ги прифаќа плаќањата со bitcoin cash од компании кои ги праќаат на пат своите вработени. Ако ги контактирате, нивните консултанти ќе можат да ви понудат помош и цени кои можете да ги платите со BCH благодарение на партнерството со Bitpay.

Стартапи, професионалци и претприемачи во крипто-просторот, исто така, може да го проверат Corporate Traveller, платформа за управување со бизнис патувања базирана во Велика Британија. Како и Destinia, оваа агенција обезбедува можности за железнички транспорт заедно со летови, изнајмување на автомобили и сместување. Не така одамна Corporate Traveller почна да ги прифаќа плаќањата со bitcoin cash од компании кои ги праќаат на пат своите вработени. Ако ги контактирате, нивните консултанти ќе можат да ви понудат помош и цени кои можете да ги платите со BCH благодарение на партнерството со Bitpay.

Airtreks е друга платформа за резервации која работи со истиот провајдер на крипто плаќања. Таа ви овозможува да ги истражувате глобалните рути со повеќекратни меѓународни летови и ви помага да ги подготвите вашите долги патувања со функцијата Tripplanner. Нејзината веб-страница во моментов рекламира светски промоции како што се “The Grand Escape” , “Circle the Globe” и “Beach Hopping.”И ако сакате да посетите поегзотични места, Bookmauritiushotels.com е веб-страница која ги нуди “најдобрите цени кои можете да ги најдете” за хотели во островската нација за кои можете да платите со BCH.

Други компании во индустријата кои прифаќаат крипто плаќања преку Bitpay го вклучуваат Летонискиот национален авиопревозник Airbaltic и Германските туристички веб страни Fluege и Nurflug. Според една нишка на форумот Bitcointalk, постојат и многу gift card платформи , како што се Gyft, Egifter и Giftoffs, кои работат со популарниот процесор за плаќање. Интеграцијата ви овозможува да купите gift card за производи и услуги што ги нудат авиокомпаниите како што се American Airlines, Delta, Southwest и Virgin. Можете исто така да плаќате за летови, хотели или туристички пакети со gift cards од Lastminute, Jet2Holidays и Flightgiftcard кои може да се купат со BCH.

Bitcoin Cash мапата се проширува

Откако ќе стигнете до вашата дестинација, можеби ќе сакате да најдете места каде што лесно можете да потрошите повеќе од вашиот bitcoin cash. Една корисна апликација која ќе ви помогне да ги лоцирате продавниците кои ви дозволуваат да платите со BCH е Marco Coino. Таа е развиена од Bitcoin.com за iOS и Android уреди и има и онлајн верзија.

Директориумот на трговци сега наведува над 1.000 физички локации кои го прифаќаат bitcoin cash. Продавниците се раширени насекаде низ светот со интерактивна мапа која покажува највисока концентрација во Европа. Ако започнувате бизнис кој ќе прифаќа BCH или ако најдете таков кој сè уште не е наведен, можете лесно да додадете нова продавница на мапата на Marco Coino.

Алтернативна платформа која покажува локации каде што можете директно да платите со BCH е Bitcoinmap.cash. Има и веб верзија и мобилна апликација достапна во Google Play store. Сите места прикажани на нејзината мапа прифаќаат bitcoin cash или dash, додека некои од продавниците, исто така, прифаќаат bitcoin core. Ќе уживате во попусти до 20% за вашето прво BCH плаќање во многу продавници кои учествуваат.

Патувањето е ретко евтино, без разлика дали e одмор или службено патување. Во случај кога ќe ви се потроши bitcoin cash, веќе има широка мрежа на банкомати низ целиот свет каде што можете да го наполните вашиот BCH паричник. Брз поглед на BCH мапата на Coinatmradar покажува дека сега има повеќе од 1.800 банкомати и препродавачи на планетата кои можат да ви продадат BCH монети. Многу од нив исто така ќе ги купат вашите електронски пари во случај да ви требаат некои хартиени пари.

Leave a comment