Како да креирате и испраќате крипто фактури

За многу компании, претприемачи и хонорарци кои работат во крипто индустријата , сметководството е суштински дел од нивните секојдневни деловни активности. Голем број платформи сега нудат услуги приспособени да ги задоволат тие потреби, вклучувајќи ги и карактеристиките како крипто фактурирање.

Прифаќањето на монети доаѓа со придобивки

Бизнисите и професионалци кои прифаќаат дигитални монети уживаат бројни придобивки, вклучувајќи брзи исплати, ниски трансакциски трошоци и без враќања на средства. Сепак, крипто финансиите имаат свои специфики и се потребни услуги кои би се спраиле со истите. За среќа, повеќе онлајн платформи сега се специјализирани за обезбедување на овие услуги, вклучувајќи и софтвер кој го олеснува создавањето на крипто фактури.

Gilded е една таква платформа која компаниите можат да ја користат за генерирање и испраќање фактури на клиенти кои сакаат да платат со криптовалути. Таа им овозможува на претпријатијата да ги примаат своите плаќања веднаш и директно, без посредници или високи давачки. За да ја искористат услугата, корисниците треба да се пријават со давање основни информации за нивната компанија. Потоа, тие мора да изберат основна fiat валутa и да додаваат јавни адреси за криптовалутите што планираат да ги прифатат под  “Add Your Wallets”.

За да креирате фактура, сметководителите треба да кликнат на “Request Payment и “Add a New Contact” за секој нов деловен партнер. За да ги пополните деталите за фактурата, кликнете на  “Go to Payment Method” и изберете “Address and QR Code.”. Под “Choose a Currency,” може да се избере една од четирите главни валути – американски долар, евро, канадски долар и австралиски долар .

Цената на предметите наведени во фактурата е во fiat валута и вкупниот износ се конвертира во криптовалути. Корисниците треба да изберат префериран крипто за секое плаќање. Фактурите создадени со Gilded во моментов поддржуваат четири монети: bitcoin core, litecoin, етереум и dai. Кога е испратена фактурата, двете страни добиваат известувања по е-мејл. Испраќачот исто така е известен кога ќе се изврши плаќањето.

Anypay е систем за платен промет кој може да се користи за генерирање на крипто-фактури бесплатно. Тој поддржува bitcoin cash (BCH) и неколку други криптовалути. За да креирате фактура, трговците треба да постават сметка користејќи само е-мејл. Тие можат да изберат опција за преферирана криптовалута со обезбедување на јавна адреса за соодветната монета. Anypay фактура содржи одредена сума во криптовалути, адреса за примање и QR-код.

Корисна карактеристика за ентузијасти и купувачи на bitcoin cash е опцијата да ги плаќате фактурите со едноставна СМС порака. Тоа е можно благодарение на интеграцијата со Cointext. Платформата им овозможува на корисниците да испраќаат BCH со СМС и да примаат bitcoin cash во нивните Cointext паричници. BCH фактури креирани со Anypay обезбедуваат код кој може да се користи за плаќање преку Cointext, дури и без пристап до интернет.

Blockonomics е платформа која им овозможува на корисниците да креираат peer-to-peer крипто фактури. Системот користи технологија за шифрирање за да спречи трети лица да ги пресретнуваат и читаат сметководствените документи. Во моментов го поддржува bitcoin core и голем број fiat валути.

За да креираат фактури за една употреба, на корисниците не им е потребен акаунт. Тие мора да копираат валидна BTC адреса од нивниот паричник, да отидат на веб-страницата на Blockonomics, да ја внесат во полето за пребарување и да ја поднесат. Со кликнување на “Create P2P Invoice”  ќе ги однесе на страницата каде што може да додадат опис, да внесат износ во десетици fiat валути и да ги постават деновите пред истекот на фактурата. Тие ќе можат да ја видат фактурата која има QR код или да копираат линк што може да го испратат на своите клиенти.

CDh Pay е портал за исплата на дигитални валути, кој им овозможува на компаниите да создаваат крипто фактури во неколку чекори. Регистрираните корисници можат да го сторат тоа под табот “Invoices”  кога се логирани на платформата. Со кликнување на “Create Invoice” се отвора страница каде што може да се постави износот во локална валута, која дава бројни опции, вклучувајќи EUR, USD, GBP, CAD, AUD и JPY. Потоа мора да додадат износ и да го постават датумот на истекување на фактурата.

Фактурата е зачувана како PDF датотека која ги содржи доставените податоци кои може да се праќаат до клиентите како прилог преку е-мејл. Кога ќе ја отворат датотеката, ќе видат неколку опции за плаќање заедно со информации за датумот на истекување на фактурата и неговиот испраќач. CD Pay генерира QR кодови за плаќања во bitcoin core, litecoin, zcash и monero. Клиентите ќе ги видат сите информации што им се потребни за да се заврши трансакцијата, вклучувајќи го и износот во fiat и тековниот девизен курс.

Платформата наречена Coinpayments има дел кој им нуди на регистрираните корисници можност да креираат крипто фактури. Функцијата може да се најде под “Merchant Tools” на нејзината веб-страница. Таа им нуди на претпријатијата богат избор на fiat валути и дигитални монети од кои можат да изберат за да побараат исплата од нивните клиенти. Темплејтот на фактурата содржи полиња за опис на услугата, бројот на фактурата, износот на данокот, информациите за испорактаа и цената.

Leave a comment