Како да измешате BCH и да ги одржувате вашите трансакции приватни со Cashshuffle

Бидејќи блокчејн надзорот станува се повеќе распространет, крипто застапниците создадоа начини да ги направат дигиталните валутни трансакции по приватни. Bitcoin Cash (BCH) има апликација наречена Cashshuffle, која им овозможува на корисниците да го измешаат својот BCH со други фракции на BCH за да ја прикријат трагата на трансакцијата. За да извршите замена, има неколку чекори што мора да ги преземете за да го искористите протоколот Cashshuffle преку Electron Cash lite паричникот.

Водич за мешање на Bitcoin Cash со Cashshuffle

Одржувањето на вашата деловна приватност е суверено право и кога станува збор за пари, луѓето сакаат да ги задржат своите навики за трошење и трансакциите дискретни. Девелоперите на Bitcoin Cash (BCH) веруваат во доверливи трансакции, а минатиот март Electron Cash паричникот ја забележа првата имплементација на Cashshuffle додадена на клиентот. Cashshuffle е децентрализирана шема за мешање монети, која го менува вашиот Bitcoin Cash со другите учесници во мрежата. Процесот на мешање ja отежнува анализаta на синџирот и следењето на трансакциите. Од 27-ми март се разменети милиони долари и платформата продолжува да биде врвна апликација за BCH. За да се осигураме дека крипто-трансакциите се скриени од гледачите, ние подготвивме чекор по чекор водич за Cashshuffle, за да можете да ги чувате вашите bitcoin cash трансакции доверливи.

Првиот чекор е преземање на најновиот Electron Cash паричник кој е достапен и за Linux, Windows, Mac OS и мобилни телефони. Сепак, Cashshuffle работи само за десктоп клиентот на EC и најновата верзија на ЕC е 4.0.8 од прес време. Апликацијата e малку помалку од 60MB и потребна е само една минута за преземање во зависност од брзината на вашиот интернет. Откако ќе заврши преземањето, можете да ја отворите апликацијата и да се запознаете со корисничкиот интерфејс на EC паричникот (UI). Aко првпат го користите EC, ќе треба да креирате нов паричник или да внесете постоечки BCH во паричникот со помош на приватен клуч. За побрзо да започнете, креирајте нов паричник и запишете ја новата мнемонска фраза. Софтверот на EC ќе ве замоли да ја потврдите фразата со 12 збора за да бидете сигурни дека е правилно запишана.

Откако ќе се креира нов паричник, можете да започнете со мешање на монетите со Cashshuffle, но ќе треба да испратите средства до новосоздадениот паричник. Вреди да се напомене дека целиот процес на користење на услугата Cashuffle на EC паричникот може да се изврши преку мрежата Tor за дополнителна приватност. Корисниците можат да се поврзат со реномиран onion јазол или да изберат прокси и порт додека истовремено работат со Tor пребарувачот. По отворањето на новосоздадениот паричник, клиентскиот интерфејс на ЕC има шест делови на горниот дел од прозорецот кои вклучуваат историја, испраќање, примање, адреси, монети и конвертор на BCH адреса. Притиснете  ‘Receive’ за да можете да си испратите средства за мешање бидејќи EC софтверот ќе обезбеди QR код кој можете да го скенирате. Можете исто така да ја копирате и постирате BCH адресата и да ја финансирате адресата на истиот начин. Откако ќе ги испратите средствата, почекајте една потврда за да започне процесот на мешање.

По дефолт, Cashshuffle е исклучен кога за прв пат го користите Electron Cash паричникот. За да ја вклучите Cashshuffle, едноставно притиснете го икончето со портокалово купче од BCH банкноти веднаш до иконата со катанче на долниот десен дел од прозорецот на паричникот. Кога Cashshuffle за прв пат беше лансирана во март, и требаше некое време дур се поврзе и измеша неколку монети. Како и да е, деновиве има еден куп луѓе кои прават мешање на своите монети, и велат дека трае помалку од една минута.

За да го завршиме водичот за Cashshuffle, решив да измешам 0,01440652 BCH (вреден 5 долари). Табот со монети ќе покаже дека треба да се поврзете со пет учесници за да го започнете процесот. Додека чекате да се поврзете, EC софтверот ќе ви каже колку играчи на Cashshuffle се поврзани и кога ќе достигне пет, процесот на мешање ќе започне. Замената на готовина од биткоин во вредност од 5 долари беше извршена едноставно со финансирање на мојот паричник, вклучување на Cashshuffle и чекање да се приклучи групата на играчи.

Како што споменавме погоре, за време на мојот тест, процесот Cashshuffle траеше помалку од една минута, но ако треба да почекате малку подолго, оставете го вашиот компјутер додека е поврзан на Интернет и оставете го Electron Cash да си работи. Можете да правите други работи на вашиот компјутер додека чекате и да се вратите на паричникот кога процесот ќе биде готов. Гледајќи го подоцна делот за монети во EC паричникот, ќе видите дека прозорецот за статусот на мешањето вели “shuffled” кога ќе заврши. Во делот за историја на трансакциите на ЕC, измешаните средства ќе укажат на завршување на процесот, истовремено прикажувајќи го и надоместокот за процесот на мешање.

Подобрената приватност со Cashshuffle

Cashshuffle е навистина убава апликација за додавање поголема приватност на bitcoin cash трансакциите, но методот не е 100% совршен. Неодамна, инженерите на Electron Cash и Cashshuffle работеа на зајакнување на процесот Cashshuffle со шема наречена Cashfusion. Кога ќе се воведе концептот Cashfusion, ќе донесе повисоки нивоа на приватност во Cashshuffle процесот. Ова е поради новиот метод кој ќе овозможи произволен број влезови и излези на нестандардни количини што во основа нудат приватна координација и 0 знаење за поврзаност помеѓу учесниците во Cashshuffle. Cashshuffle продолжува да се користи секој ден и има вкупно 22631 мешања од 27-ми март па навака. Од овие 22000 мешања, се измешани неверојатни 127702 BCH или 43,3 милиони американски долари по денешните цени.

Интернет-страницата Cashshuffle Stats дава преглед на сите активности што се одвиваат користејќи го протоколот со информации како волумен на мешање, дневно броење, неделно броење и пребројување на измешани базени. Доколку сакате да го тестирате паричникот на Electron Cash со Cashshuffle, можете да ја преземете најновата верзија овде.

Leave a comment