Како владите ги крадат вашите пари и гo кријат тоа преку инфлација

Десетици земји низ целиот свет го искористија истиот трик наречен деноминација за да сокријат како ги украле парите на своите граѓани преку инфлација или хиперинфлација. Следната нација што ќе го испроба овој економски трик е владата на Исламската Република Иран.

Иран скрати четири нули од хиперинфалцијата на риалот

Според неодамнешните извештаи на медиуми од Иран, владата во Техеран минатата недела одобри голема промена девизната валута на земјата претставена од Централната банка на Иран (CBI) уште во јануари. Четири нули ќе бидат скратени од иранскиот риал и исто така ќе бидат целосно заменети, постепено во текот на две години, со нова валута која ќе има античко име, томан.

„Советот на министри, на состанокот со кој претседаваше претседателот Хасан Рухани, ја одобри предложениот закон на Централната банка за промена на националната валута од риал во томан и бришење на четири нули“, објави новинската агенција Fars во средата. Оваа одлука е донесена со намера „да се одржи ефикасноста на националната валута и да се олесни и врати улогата на готовинските алатки во домашните монетарни трансакции“, додаде Fars.

Персискиот томан се користел во земјата се до 1932-ra година кога бил заменет со риалот како официјална валута. Од навика, народот во Иран сè уште го користи како парична единица до ден денес и вреди 10 риала, точно по стапката што беше заменета пред скоро 90 години. Како и да е, новиот томан ќе вреди 100 риали, создавајќи десеткратна деноминација на Иранската валута.

Вистинската причина за овој потег на Иранската влада е тоа што риалот страдаше од сериозна инфлација во последните неколку години, паѓајќи на девизниот курс, дури 190.000 риали за еден американски долар минатиот септември. Само во текот на 2018-та година, тој изгуби околу 60% од својата куповна моќ, бришејќи го најголемиот дел од вредноста на заштедите и заработката на луѓето.

Овој процес започна во декември 2017-та година кога Иранската влада реши да ги намали каматните стапки на сметките за штедење, во обид да го зголеми извозот. Тој беше потпомогнат од друга рунда Американски финансиски санкции поради нуклеарната програма на земјата.

Иранската влада подоцна се обиде да го поправи курсот, но нејзините активности беа претежно залудни, а некои дури имаа и обратен ефект. На пример, поставувањето на официјалниот девизен курс на околу 45,000 риали по еден американски долар предизвика појава на црн онлајн пазар, каде луѓето сега користат апликации за инстант пораки за да тргуваат со реални цени надвор од контролата на владата и нејзините одобрени менувачи на пари.

Долга историја на криењето на неуспех

Иран не ја измисли идејата да пресече нули од својата валута за да го скрие намалувањето на нејзината вредност, и таа е само најновата во долгата линија на земји што го сториле истото со текот на годините. Всушност, реноминациите на девизните валути се случуваат повеќе од еден век, при што некои земји го прават тоа одново и одново кога и да се појави инфлација, како што се Бразил и Аргентина. Понекогаш се совпаѓа со подобрување на локалната економија, но честопати таа само го забрзува нејзиниот неминовен колапс. Во последниве години, ова беше најзабележливо во случај на земји кои страдаат од хиперинфлација, како што се Зимбабве и Венецуела.

Во февруари 2009-та г. Владата на Зимбабве одлучи да скрати 12 нули од својата национална валута, откако нивниот долар направи нов светски рекорд во хиперинфлација проценет на околу милијарди проценти. Ова значеше дека 1 трилион во стари долари на Зимбабве беа одеднаш направени еквивалент на само еден нов долар. Чекорот беше преземен откако старата валута стана во основа бескорисна како пари, па дури и највисоките ноти од 100 трилиони долари не вредеја доволно за да се купи еден леб. Само минатата година, Зимбабве веќе отсече 10 нули од својата валута.

Во август 2018-та година, владата на Венецуела отстрани пет нули од својата девизна валута, бидејќи претседателот Николас Мадуро одлучи дека новиот „суверен боливар“ официјално ќе вреди 100.000 пати повеќе од стариот боливар. Само 10 години пред тоа, Венецуела намали три нули од својата валута. Мадуро исто така тврди дека суверениот боливар е поддржан од сомнителната национална криптовалута Petro создадена од него.

Зошто деноминацијата не успеа да има влијание

Владите и централните банки имаат неколку причини за правење вакви драстични деноминации. Некои од нив се практични, како поштедувањето на луѓето во време на неволја да мора да користат цела кола полна со хартиени пари само за да добијат еден леб за да го прехранат семејството.

Други се чисто психолошки, како што е враќање на довербата на обичните луѓе во националната економија со тоа што би ја направиле валутата да изгледа како да вреди повеќе во меѓународни услови. Вистинската цел на ова е да се скрие фактот дека луѓето што се на власт ги потрошиле националните заштеди преку катастрофални политики како што е бесконечно печатење на пари.

Според економските истражувања, деноминацијата има долгорочно влијание врз економијата само кога е придружено со силни анти-инфлациски финансиски чекори и отстранување на економските политики што го предизвикале овој проблем. Инаку, практиката може да заврши лошо бидејќи луѓето ќе видат дека владата може само да отстрани што повеќе нули, но саканата инфлација ќе продолжи да напредува, предизвикувајќи народот да изгуби доверба и да избега кон постабилни монетарни опции, дополнително потиснувајќи ја вредноста на локалната валута.

Долгорочно, единствено предвидливо решение за спречување на хиперинфлација е да се одземе моќта на бесконечно печатење пари од државата со транзиција кон монетарен систем базиран на криптовалути, кој е отпорен на инфлација.

Leave a comment