Италија ќе влезе во Европското Блокчејн Партнерство, потврди локален пратеник

Италија ќе влезе во Европското Блокчејн Партнерство, според членката на парламентот Мирела Лиуци, како што ја цитирана од Cointelegraph Italy во четвртокот, 27-ми септември.

Според Лиуци, партнерството – соработка од 26 земји на ЕУ – ќе биде потпишано од министерот за економски развој, труд и социјална политика, Луиџи Ди Мајо, на 28-ми септември во Брисел. Во интервју за Key4biz, Лиуци додаде:

“Пристапувањето кон партнерството ќе и овозможи на Италија […] да го дефинира својот сопствен пат во развојот на блокчејн технологијата – практика која претходната влада никогаш не ја спроведе.”

Лиуци, пратеник од владејачкото движење Five Star Movement, исто така спомена дека владата наскоро ќе вработи блочејн експерти за да развијат национална стратегија за крипто-поврзаниот сектор.

Европското Блокчејн Партнерство беше создадено уште во април 2018-та година, за да служи како средство за соработка меѓу земјите-членки на ЕУ. Прво придружуван од 22 земји, организацијата се прошири и на 26, со приклучувањето на Грција, Романија, Данска и Кипар  на групата.

Јужниот град Неапол започна со фокус група поддржана од локалниот градоначалник за промоција на блокчејн и можна ICO. Подоцна, јужниот регион,кој постојано се обидува да ја прошири својата автономија, објави дека е подготвен да започне сопствена криптовалута.

Италија, наводно, се обидува да ги примени крипто-поврзаните технологии на пошироко ниво. На пример, Јувентус – еден од најпознатите фудбалски клубови во земјата – планира да започне сопствен “фан-токен” во партнерство со блокчејн платформата Socios.com.

Leave a comment