Италија, Шведска и Чешка лидери на Европското блокчејн партнерство

Италија, Шведска и Чешка ќе го делат следното едногодишно претседателство со Европското блокчејн партнерство, соопшти Cointelegraph Italy на 9-ти јули.

По состанокот на Европското блокчејн партнерство вчера во Брисел, трите земји го презедоа едногодишното претседателство, кое ќе трае од јули 2019-та до јули 2020-та година.

Марко Белеца, правен советник на министерот за комуникации и дигитални иновации, Ди Мајо, и координатор на Италијанската делегација на ЕУ Блокчејн партнерството, изјави:

“Италијанското претседателство со ЕУ блокчејн партнерството е прво признание за активноста што се спроведува на овој фронт поради мотивација на министерот Луиџи Ди Мајо, со цел да и се даде на Италија водечка улога во европските блокчејн проекти. Единствена можност за понатамошно промовирање на знаењето и користењето на оваа технологија во корист на граѓаните и бизнисите преку зајакнување на соработката во рамките на ЕУ.”

Италија се приклучи на Европското блокчејн партнерство во септември минатата година. Партнерството е ентитет промовиран од Европската комисија пет месеци претходно како “средство за соработка меѓу земјите-членки за размена на искуства и експертиза во техничките и регулаторните полиња и за подготовка за лансирање на намени за целиот блокчејн систем низ целиот Единствениот Дигитален Пазар што би било во корист на јавниот и приватниот сектор.”

Во февруари, италијанскиот Претставнички дом одобри нацрт-закон за дефинирање на дистрибуирани ledger технологии (DLTs), како што е блокчејн. Во тоа време, Марија Лаура Мантовани, член на Италијанскиот парламент на партијата Movimento 5 Stelle, изјави за Cointelegraph Italy дека поволен случај за користење блокчејн е неговата примена во онлајн гласањето.

Минатиот месец, Италијанската банкарска асоцијација објави дека Италијанските банки ќе го интегрираат DLT во внатрешните процеси за зголемување на порамнувањата. Употребата на блокчејн, исто така, е поставена да ја подобри транспарентноста во трансакциите помеѓу банките и ефикасноста на комуникацијата помеѓу договорните страни.

Leave a comment