Италија со експерти од висок ранг ќе ја развива својата официјална блокчејн стратегија

Италијанската влада ја објави листата од 30 блокчејн експерти од висок ранг со кои ќе ја продолжи својата интеграција на технологијата на државно ниво, објави Cointelegraph Italy на 27-ми декември.

Како резултат на четиримесечен процес на ангажирање и консултации, групата бесплатно ќе ги советува државните органи како да креираат “национална стратегија за дистрибуирани регистари и блокчејн технологии”.

Проектот го свика Италијанското Министерство за економски развој (MSE).

“Новите технологии, како што се Вештачката интелигенција (AI) и блокчејн, имаат намера радикално да го сменат нашиот живот, општеството во кое живееме и економската и продуктивната срж на земјата”, изјави заменик-премиерот и министер за економски развој Луиџи Ди Маио во септември.

Сите учесници доаѓаат од Италија и се вклучени во претежно домашни сектори. Во него се вклучени ко-основачот на трговското здружение Assobit, Џан Лука Командини, шефот за маркетинг портфолија  на  Italtel, Анжиолини Џорџо, и член на одборот на директори на Истражувачка лабораторија за блокчејн и социјална политика, Марчела Атцори.

Италија се обиде да го прошири своето следење на активностите поврзани со криптовалути во рамките на нејзините граници, како и феномените поврзани со блокчејн.

Властите издадоа повеќе предупредувања против нелегитимни актери во крипто сферата овој месец, предупредувајќи ја јавноста да биде претпазлива.

Италија, исто така, беше една од седумте земји-членки на Европската Унија кои потпишаа декларација за промовирање на употребата на блокчејн претходно овој месец.

Leave a comment