Истражување на Coinbase: 42% од првите 50 универзитети нудат најмалку еден предмет поврзан со крипто

Една неодамнешна студија на американската платформа за крипто-размена Coinbase покажа дека 42% од првите 50 универзитети во светот имаат барем еден предмет за криптовалути или блокчејн. Резултатите од истражувањето беа објавени на официјалниот блог на Coinbase во вторникот на 28-ми август.

Истражувањето беше спроведено заеднички од страна на Coinbase и компанијата Qriously. Заедно тие интервјуираа 675 американски студенти и ги разгледаа курсевите на 50 меѓународни универзитети.

Од 172 паралелки разгледани во студијата, 15% беа понудени од страна на одделот за економија, финансии, право и бизнис, додека 4% беа во одделот за социјална наука.

Студијата откри дека курсевите поврзани со блокчејн и крипто се најпопуларни во САД. Само пет од 18-те универзитети од истражувањето што работат надвор од САД нудат барем еден предмет на овие теми.

Курсевите поврзани со блокчејн уживаат најмногу популарност на универзитетите Stanford и Cornell  – под број 10 и 9, соодветно. University of Pennsylvania и National University of Singapore следат под броевите 6 и 5 на листата.

Дон Сонг, професор по компјутерски науки на Berkeley, изјави за Coinbase дека нејзиниот курс “Блокчејн, крипто-економија и иднината на технологијата, бизнисот и правото” бил исклучително популарен и дека инструкторите мораа да вратат повеќе од 200 студенти, бидејќи нивната предавална можеше само да собере 70:

“Блокчејн ги комбинира теоријата и практиката и може да доведе до фундаментални откритија во многу истражувачки области. Тоа може да има навистина длабоки и широки влијанија врз општеството исто така и во многу различни индустрии.”

Претходно во август, Cointelegraph објави дека Hong Kong University of Science and Technology Business School доби 20.000.000 долари грант за блокчејн истражување. Исто така, во почетокот на август, Турција го основа својот прв универзитетски центар за истражување на блокчејн за да обезбеди интеграција на оваа технологија.

Leave a comment