Истражувачкиот телескоп Hubble се фокусира на блокчејн за обработка на вселенските податоци

Истражувачкиот вселенскиот телескоп Hubble(HST) тестира блокчејн мрежа за обработка на огромни количини на произведени податоци.

Џош Пик, астроном на Space Telescope Science Institute (STScI) изјави дека HST, како и другите космички телескопи, бара “милиони на милиони” часови компјутерска моќ за обработка на податоци, што може да стане скапо.

Додека во минатото, истражувачите “само трошеа мала количина пресметано време по галаксија” – што резултираше со основни резултати и потенцијално воведување на грешки на детално ниво, напредокот во компјутерската технологија стави повеќе компјутерска моќ во рацете на истражувачите и, како резултат на тоа, исто така и многу повеќе податоци. Користејќи децентрализирана мрежа, Пик се надева дека може да обезбеди поефикасно искористување на ресурсите со тоа што ќе им овозможи на истражувачите да се вклучат во поголема мрежа отколку што може да се добие преку традиционален server farm.

Тој објасни:

“Десетици милиони часови во процесирање навистина можат да направат голема сметка. NASA и [STScI] користат компјутерски центри и тоа е начинот на кој можеме да работиме … но има долг период на латентност кога ќе поминувате низ процес на грантови … и така дојде идејата дека би можеле да користиме дистрибуирана мрежа за да го направиме тоа навистина ефикасно, тоа е 10 пати поевтино од стандардните cloud computing.”

За таа цел, тој работи со блокчејн стартапите како AIKON и Hadron за обработка на податоци од истражувањето. Поточно, AIKON обезбедува интерфејс преку кој Пик може да ги внесува податоците, по што се обработува и се изведува преку компјутери кои содржат блокчејн мрежа на Hadron.

Пик ја спореди мрежата со SETI @ Home програмата, која им помага на истражувачите кои учествуваат во проектот Search for Extraterrestrial Intelligence (SETI), кој слично ја crowdsource-а компјутерската моќ. Всушност, истражувачот го прави истото, но користејќи блокчејн платформа.

“Идејата е, ние да работиме преку AIKON, [кој] работи како посредник и тие да обезбедуваат едноставен интерфејс за користење на компаниите, или за истражувачки групи како моите”, објасни тој.

Hadron е “корисен” доказ за работата на блокчејн, рече ко-основачот и главен службеник за производи на AIKON, Марк Блиндер, кој ги обработува податоците кои Пик ги обезбедува, со пресметано платено време со AIKON-ови “CPU” токени.

За да се намали нестабилноста, вредноста на токенот е поврзана со просечната цена на компјутерската моќ наплатена од cloud hosting услуги, изјави Блиндер.

Додека планот е на крајот истражувачки групи и други клиенти да купат CPU токени за изнајмување на компјутерска моќ, токму сега клиентите како Пик го тестираат системот користејќи набавка од бесплатни токени.

Системот го поедноставува процесот на управувањето на дистрибуираната мрежа за Пик, рече тој.

“Јас не сум експерт во оваа работа и тоа е поентата”, коментираше Пик, додавајќи:

“Никој овде нема да направи навистина комплицирани нешта со криптовалути, тоа не е она што го правиме тука. Целата идеја е, во извесна смисла, дека ние воопшто не допираме криптовалути. Ние не купуваме ништо … Тоа е она што AIKON се обидува да го стори, да го направи што е можно поедноставно без никаква криптовалутна глупост”.

Leave a comment