Историјата на Биткоин логото

Може ли логото да го симболизира етосот на проектот? Индустријата? Целосното движење?

Ова е можеби премногу значење за да се препише на било кој дизајн, но ако некое лого е блиску до таа задача, тоа е логото на биткоин.

Не припаѓајќи на ниту една корпорација, без конкретен тим за графички дизајн, логото на биткоин им даде на многу приврзаници слика за безличниот проект за која можат да се придржуваат. И не само да се држат до неа – туку и да ја испринтаат на облека, да ја залепат на својот лаптоп и да ја печатат на физички монети – давајќи му на дигиталниот проект материјално постоење кое е клучно за негово ширење.

Можеби уште поважно, колаборативниот развој на неофицијалното лого на биткоинот го оформи неговото запознавање со остатокот од светот.

Во креирањето на симбол кој личи на оние на другите валути, биткоин визуелно се претстави на новодојденците како пари. И во елаборирањето на овој симбол во лого кој може да опстои заедно  со Visa и Mastercard стикери на прозорците на продавниците, биткоин истовремено и јасно се воспостави како метод на плаќање.

Но, сегашното лого на биткоин е далеку од својот прв дизајн.

Приказната за логото на биткоин, слично како самата криптовалута, е приказна за еволуцијата, соработка на заедницата и – повремено – контроверзии.

Јануари (или март?) 2009-та

Најраната интеграција на логото беше изведена од Биткоин творецот под псевдонимот Сатоши Накамото, непосредно по лансирањето на софтверот, и беше прикажано како BC на златна монета.

Малку е познато за оригиналното лого, бидејќи неговото создавање претходеше на популарниот Bitcoin Talk форум. Сепак, забележливо е дека во имитирањето на изгледот на златник, иконата се однесува на метал. Овој монетарен систем, во кој вредноста на парите произлегува од девизната вредност на стоката на која се заснова (како злато или сребро), е идеален за претплата на многу биткоин ентузијасти.

Во рамките на Bitcoin Talk, тешко е да се каже дали корисниците ја ценат оригиналната икона или не. Некои корисници предложија алтернативи за “BC”, како што се симболот на Тајландски бахт и амперсандот, додека други сугерираа комбинација на симболот на Тајландскиот бах и симболот на валутата на Костарика – колон.

Неколку корисници предложија додавање на Т на симболот – што го прави BTC – кој останува берзанска ознака за криптовалутата денес.

Меѓутоа, други корисници тврдат дека воопшто не е неопходно да се усвои стандарден симбол.

“Духот на биткоин е дека нема потреба од централно управување или “официјални” правила, како со другите валути”, напиша еден корисник на Bitcoin Talk, Timo Y, додавајќи:

“Ние само треба да дозволиме тоа да се развива природно, како збор на природен јазик”.

24-ти февруари 2010-та година

Сатоши продолжи да експериментира со логото.

Тој го апдејтираше својот оригинален дизајн една година подоцна, скратувајќи го “BC” во прилог на сега сеприсутниот “B” со две вертикални линии.

Логото во голема мера беше добро прифатено од корисниците на Bitcoin Talk. Меѓутоа, некои се спротивставија на тоа дека новиот “B” е премногу сличен на симболот на Тајландскиот бахт и беа загрижени дека тоа би можело да создаде конфузија. Други го критикуваа дизајнот поради недостатокот на професионално доусовршување.

Еден таков корисник напиша: “Има ли причина зашто не можеме да прифатиме нешто друго, пред да биткоинот да стане премногу голем и да биде премногу доцна за да се промени без да му наштетите на признавањето на ‘брендот’ “? Се чини глупаво да се држиме до нешто што е “просечно” кога можеме да имаме нешто одлично”.

1-ви ноември 2010-та година

Од нигде никаде – тоа беше денот кога се појави препознатливото лого на биткоин, и неговиот творец. Со својот прв пост на Bitcoin Talk, се уште неидентификуваниот корисник чив јузернејм гласеше “bitboy” засекогаш го смени визуелното наследство на биткоин.

Сепак, вие не би го препознале тоа од неговата скромна порака:

“Здраво дечки, само сакав да ве поздравам и да споделам со вас некои графики што ги направив. Се надевам дека ќе ви бидат корисни.”

И тоа како беа корисни. Портокалови и едноставни, овие графики се широко користени и денес.

Bitboy го трансформираше оригиналниот концепт на Сатоши во повеќе читливо, скалабилно лого кое беше повеќе бренд-способно од едноставната златна монета. И ова се чини дека е намерно. Коментарите на Bitboy на Bitcoin Talk сугерираат дека дизајните се создадени со нешто на ум слично на маркетинг.

Парадоксално, сепак, Bitboy беше инспириран од некои од компаниите кои биткоин се надева да ги собори.

Кога друг корисник на Bitcoin Talk коментираше дека дизајните наликуваат на логото на Mastercard, Bitboy одговорил: “Тоа ме инспирираше. Иронијата е колку и да ги мразам [Mastercard] и [Visa], се работи за перцепција кога станува збор за довербата на потрошувачите и однесувањето.”

Сличноста со логото на Mastercard не е единствениот притисок за дефинирање на биткоин како начин на плаќање, а споредбата создаде дополнителен притисок за биткоин и неговите девелопери, бидејќи проектот мораше да се натпреварува со скалабилните ограничувања.

Привлечноста на дизајните на Bitboy, исто така, веројатно е клучна за комерцијализација на биткоинот. Google пребарувањето сугерира дека биткоин стоките стана растечка индустрија, со повеќе од 11 милиони резултати за пребарување на терминот “bitcoin merchandise” и 34 милиони резултати за терминот “bitcoin t-shirt”.

Април 2014 година

Сепак, не сите беа согласни со де факто логото на биткоин.

Некои, како оние што стојат зад bitcoinsymbol.org, со години промовираат кампања за негова промена. Всушност, тие не сакаат биткоин да има нешто слично на лого.

“Ова е уникатна слика, исто како што може да биде користена од страна на компанија за продажба или промоција на производ”, беше образложено на веб-страницата, која беше создадена од студиото за графички дизајн ECOGEX. “Валутите се претставени со симболи како $, € или ¥, со цел да се користат насекаде од сите.”

Како таква, групата се залагаше за усвојување на Ƀ, што е буква во повеќе азбуки, вклучувајќи го и латинскиот и неколку јазици во Виетнам.

Образложувајќи ги своите причини, групата тврдеше: “Како широко дистрибуирана дигитална валута од типот “peer-to-peer”, на биткоин му треба графички идентитет со отворен код, дизајниран со софтвер со отворен код од страна на заедницата и за истата”.

31-ви октомври 2016-та година

Меѓутоа, нема да биде биткоин ако нема малку контроверзии.

Оваа конкретна контроверзност почна да се случува есента 2016-та година, кога Фил Вилсон напишал на Reddit, тврдејќи дека тој е еден од тројцата кои колективно го сочинуваат Сатоши Накамото.

Додека Вилсон нема доволно блокчејн докази за ова – како што е приватниот клуч за преместување на старите средства поврзани со Сатоши – објавил детални инструкции за тоа како да се конструира и второто лого на златната монета на Сатоши и логото на Bitboy.

Овие упатства беа дел од долгиот извештај за раната историја на биткоин, кој подоцна беше објавен од страна на Вилсон на посветен веб-сајт. Елаборираната природа на неговата приказна предизвика некои од крипто индустријата да се прашуваат дали Вилсон, всушност, бил дел од тим што го создал биткоин софтверот.

Сепак, Вилсон, исто така, тврди дека Марти Малми, вториот девелопер на биткоин кој е исто така познат како “Sirius”, помогнал во креирањето на второто лого на златната монета.

Но, Малми негираше каква било инволвираност, што доведе до тоа многумина да се сомневаат дека тврдењата на Вилсон не се ништо повеќе од фан фикција на митот за потеклото на биткоин.

Leave a comment