Истакнати жени во крипто просторот

Ставајќи ги во центарот на вниманието некои од најиновативните и највлијателните жени во блокчејн и крипто индустријата.

Ако имате дури и најмало искуство во/или изложеност на блокчејн и крипто, тогаш можеби сте забележале дека овие простори се претежно окупирани и предводени од мажи. Ајде да се соочиме со тоа, жените секогаш се бореа за рамноправност на работното место и мораа да се справат со многу пречки кои за жал, ги ставија во статистички недостаток кога станува збор за застапеност во овие полиња. Но, дефинитивно има и добар дел од жени за пример кои поминале низ подеми и падови за да создадат нови височини за успех за сите ширум светот. Значи, не во одреден редослед, ајде да ги погледнеме некои од највлијателните жени во блокчејн и крипто индустриите.

Елизабет Старк

Првата личност за која ќе разговараме е Елизабет Старк. Старк е ко-основач и извршен директор на Lightning Labs, а исто така е член на организацијата за полиси на дигитални валути наречена Coin Center. Таа ја ко-основа Lightning Labs со софтвер девелоперот Олаолува Осунтокун во 2016-та година и останува главен извршен директор на компанијата, и е главен придонесувач во развојот на Lightning, децентрализирана мрежа за скалабилни, инстантни трансакции со користење на функционалност паметни договори во блокчејнот.

Освен нејзината работа како извршен директор на Lightning Labs и како соработник во Coin Center, таа претходно била советник во Comma.ai, стартап кој креира автономна технологија за возење и советуваше бројни други децентрализирани технологии и блокчејн стартапи. Таа исто така беше основач на StartBitcoin.org, група претприемачи фокусирана на иднината на дигиталните валути и децентрализираната технологија.

Мари-Антоанета Тихлер

Следна на листата имаме сериски претприемач, застапник на заедницата и социјален технолог Мари-Антоанета Тихлер. Таа го посвети својот живот на учење на поединци за нивното дигитално наследство и вреднување на извонредното влијание на технологијата како целина. Таа во моментов е основач и извршен директор на C2Legacy.

C2Legacy е платформа за управување со дигитални / крипто средства која користи блокчејн технологија. Тихлер го искористи своето искуство во градењето и едуцирањето на недоволно снабедните млади со оваа технологијата, за да ја изгради платформата C2Legacy. Мари-Антоанета е гласен лидер во крипто-просторот и ги споделува своите крипто познавања, како и новостите и апдејтите околу C2Legacy на нејзините следачи на нејзиниот Twitter профил, каде што можете да ја пратите!

Чери Ајми

Чери Ајми е Frobes бренд инфлуенсер, преживеан од блиско искуство со смртта, меѓународен говорник и ВИП партнер / соработник за Influencive. Чери е главен говорник пред стотици светски реномирани медицински хирурзи и професионалци, а и држи говори пред елитни претприемачи на места како Индонезија и Италија.

Во моментов, Ајми служи како потпретседател за управувањето со заедницата на ShipChain, компанија која користи блокчејн технологија за да обезбеди транспарентност во транспортната и логистичката индустрија. Во нејзината улога во ShipChain, Чери ја користи својата експертиза за дигиталниот маркетинг за развивање на брендот, што го прави ShipChain да стане една од најбрзорастечките Telegram ICO групи во индустријата.

Тони Лејн Касерли

Едно од најпрепознатливите и најистакнати имиња во крипто индустријата, Тони Лејн Касерли е ко-основач на познатиот CoinTelegraph. Таа е позната како блокчејн експерт, истакнат јавен говорник и советник на голем број успешни проекти, вклучувајќи ги Tether и AidCoin.

Често нарекуваа како Јованка Орлеанка на блокчејн и младата ѕвезда на Биткоин од нејзините врсници, Тони го користи CoinTelegraph како средство за да ја обликува психолошката перцепција на пазарот и да обезбеди финансиски информации од светот на дигиталните валути. Износот на влијанието врз крипто индустријата врз кој таа има контрола  не може да се занемари и треба да биде поздравена од сите што сакаат да добијат изложеност на некое од овие полиња. Со толку многу читатели, нејзината онлајн публикација навистина има можност да ги обликува и да влијае на умовите на многумина преку пишување.

Кетлин Брејтман

Ајде да ја запознаеме Кетлин Брејтман. Брејтман има широко познавање во блокчејн технлогијата и во 2014-та година – заедно со нејзиниот сопруг Артур Брејтман – ја објави белата книга за Tezos. Тие официјално го започнаа проектот во октомври 2016-та година и оттогаш ја добија поддршката од големите инвеститори, како што е Тим Драпер. Таа се смета како една од водечките личности во крипто простор преку нејзините достигнувања и признанија.

Денес, Кетлин Брејтман е главен извршен директор на Tezos, платформа за паметни договори базирана на блокчејн, со on-chain управувачки механизам за координација и надградба на апдејтите на неговата мрежа. Пред Tezos, Кетлин беше постар стратешки соработник за R3, блокчејн конзорциум од повеќе од 70 финансиски фирми. Таа исто така има работено во Accenture, Bridgewater Associates и Wall Street Journal.

Тифани Хајден

Тифани Хајден е мајка која ги школува децата дома, застапник на слобода и fintech ентузијаст. Ко-основач на Casheer, Inc – бесплатна платформа за обработка на мобилни плаќања за трговци и потрошувачи – Тифани е исто така член на Bitcoin GNO, која е онлајн заедница за жени вклучени во Биткоин. Покрај нејзините професионални интереси, таа е исто така членка на Коалицијата за мир и слобода на Мичиген.

Таа во моментот работи како Раководител на заедницата во Edge Secure, блокчејн паричник со повеќе средства. Тифани го откри Биткоин во 2012-та година и ги виде многуте социјални придобивки од него, поттикнувајќи ја да стане членка на неколку биткоин образовни групи и да остане активна во fintech заедницата. Покрај тоа, таа е постојано рангирана како една од најважните блокчејн инфлуенсери, преку споделување на нејзиното знаење за криптовалути со нејзините многу следбеници на Twitter.

Прети Касиреди

Овде имаме лидер и ентузијаст во оваа технологија, Прети Касиреди. Касиреди е софтверски инженер  од Сан Франциско. Таа е страствен ученик која самата научи како да кодира, и страствено користи софтвер за изградба на корисни производи за светот. Во моментов како основач и извршен директор на TruStory, Прети за првпат беше запознаена со блокчејн технологијата во 2014-та за време на нејзиното работење во a16z, кога инвестираа во Coinbase.

Пред тоа, таа беше партнер во големата фирма за капитални инвестиции Andreessen Horowitz, инвестициски банкар во Goldman Sachs и студирала системски инженеринг во USC.

Кога таа не е ангажирана со машинско учење, криптовалути, JavaScript,  или функционално програмирање, можете да ја најдете како и помага на технолошката заедница преку пишување и предавање.

Ариана Симпсон

Ариана Симпсон е инвеститор, говорник и писател во крипто-просторот. Симпсон првин започнала да инвестира во Биткоин околу 2013-та година и сега е активен инвеститор во крипто и блокчејн. Таа е основач и извршен директор на Autonomous Partners, инвестициски фонд фокусиран на криптовалутите и дигиталните средства. Таа исто така е партнер во претпријатието Crystal Towers Capital, во кое таа исто така е ко-основач.

Денес, Симпсон е говорник за сите нешта во технологијата – особено Биткоин – и исто така е редовен соработник на јавни публикации како што се CoinDesk и Business Insider. Претходно, Симпсон беше проект менаџер во BitGo, каде прават multi-signature крипто паричници за претпријатија. Таа, исто така, помина една година работејќи во Facebook во одделот за глобални маркетинг решенија и ја водеше продажбата на онлајн бутикот Shoptiques.

Кетрин Николсон

Како ко-основач и извршен директор на BlockCypher, Кетрин Николсон има стекнато децениско искуство во управувањето со софтверски производи, маркетинг на производи, областа на екологија и енергетика, и одбрана. Николсон е инженер, претприемач, мајка и поранешен поморски офицер на САД, која има изградено големи комерцијални софтверски платформи во управувањето во образованието, управувањето со енергијата и емисиите, CRM и одбранбените системи.

Некои од компаниите со кои работела ги вклучуваат BlockCypher (која таа го основала), MommaZoo, C3, Siebel Systems и Northrop-Grumman.

Линда Џи

И последна, но, секако, не и помалку важна, ја имаме ко-основачот и извршен директор на компанијата за управување со крипто инвестиции Scalar Capital, Линда Џи. Џи, исто така, служи како советник на 0x проектот, отворен протокол за децентрализирана берза на блокчејнот на Ethereum. Таа ја креираше Scalar Capital  – крипто компанија за управување со инвестиции која е специјализирана за различни токени – во септември 2017-та година.

Џи исто така е советник на проектот 0x, отворен протокол за децентрализирана берза на Ethereum блокчејнот. Претходно, Џи работеше на платформата за дигитални валути CoinBase, каде што првично работеше со регулаторите и полицијата за усогласувањата на дигиталните средства. Со текот на времето, таа подоцна стана проект менаџер фокусиран на внатрешни средства. Пред CoinBase, таа беше ризик аналитичар во осигурителната компанија AIG.

Заклучок

На технолошката индустрија и недостасува неопходното женско присуство кое ќе ја зајакне иновацијата и унапредувањето на безброј полиња. Секоја една од овие жени придонесува кон оваа индустрија на еден или друг начин, од програмери до економисти. Во многу поширока смисла, овие инфлуенсери, исто така, служат како примери за милиони млади жени ширум светот кои се одгледуваат на бројките кои го оспоруваат статус квото. Бидејќи овие моќни личности продолжуваат да влијаат на светот на крипто, блокчејн и технологијата како целина, сетете се на нив кога ќе се случи следниот голем изум. Кој знае, може да потекнува од нешто на кое директно работеле или помогнале да се создаде.

Leave a comment