Исланд: Вмешан во кражба со биткин фармање осуден на повеќе од четири години затвор

Жител на Исланд доби четири и пол годишна затворска казна за кражба на биткоин опрема за фармање, објави локалниот весник Iceland Monitor на 17-ти јануари.

Синдри Пор Стефансон, кој во април 2018-та година се качил на лет во Стокхолм од Рејкјавик, наводно со украден пасош, подоцна бил уапсен во Амстердам и се вратил дома. Стефансон тврди дека легално пребегал во Шведска.

На суд, Стефансон, заедно со шест соучесници, добил долг затворски рок.

Постапката се однесува на кражби на биткоин фармачка опрема, наводно, вредна 2 милиони долари, и два други обиди за кражби кои се случиле во декември 2017-та и јануари 2018-та година.

Целта била нордиската IT компанија Аdvania, на која сите седум обвинети сега ќе исплатат надомест од 33 милиони Исландски Крони (околу 273.000 долари).

Стефансон доби најдолга затворска казна од групата, која била пресудена откако тој тврди дека е законски му било дозволено да се качи на летот во Шведска во времето кога избегал од затворот во Согни.

По истекот на налогот за притвор, судијата имаше 24-часовен прозорец за негово обновување, во кој Стефансон изјави дека е слободен да патува.

“Бев принуден да потпишам документ во кој пишуваше дека сум слободен, но ако би можел, ќе останам во затвор додека не биде одобрено продолжувањето на притворот”, додаде тој во соопштението кое подоцна се појави во локалниот весник Fréttablaðið.

Во септември минатата година, инсајдерите на индустријата известија дека Исландските бизниси планирале да се префлат од биткоин индустријата за фармање во “чисти блокчејн бизниси”.

Leave a comment