Исландската валута ќе биде прва во Европа која ќе се тргува како е-пари

Управата за финансиски надзор на Исланд (FME) го одобри Monerium од Рејкјавик како прва институција за електронски пари.

Оваа објава значи дека Monerium има регулаторно одобрување за да обезбеди услуги за плаќање на девизи на блокчејн и да ги користи во Европската економска област. Електронските пари се добро воспоставена регулаторна рамка во Европа, која веќе се користи неколку години, објасни Свејн Валфелс, извршен директор и коосновач на Monerium.

Ова е сепак прв пат електронските пари да се одобрат за употреба преку блокчејн.

Monerium работењето под воспоставена рамка го гледа како конкурентна предност, изјави Валфелс, додавајќи:

“За практични цели, девизите ќе бидат валутите што повеќето луѓе и институции ќе сакаат да ги користат во блиска иднина. И ако сте во контакт со девизи на било кој начин, вие само треба да се усогласите со релевантните прописи.”

Коосновачот на Monerium, Џон Х. Егилсон, ќе расправа за вестите на конференцијата за дигитални валута во Стокхолм во сабота. Егилсон бил поранешен претседател на Надзорниот одбор на Централната банка на Исланд.

Електронските пари се чуваат и дигитално се пренесуваат. Monerium поддржан од ConsenSys првично ќе работи со користење на блокчејнот на етереум – иако е подготвен да работи преку јавни и приватни дистрибуирани ledgers, дозволувајќи трошоците и трансферите да се прават без посредник.

Во примерок од неговите подготвени забелешки, Егилсон напишал:

“Е-парите на Monerium ги опфаќа придобивките од програмски пари на блокчејн, покрај тоа што е најблиска форма на пари издадени од централна банка, се засноваат на докажана регулаторна рамка на ЕУ”.

Институција за правни концепти на електронски пари (ЕMI) датира уште од финансиската криза, утврдена со акт од 2009-та година од страна на Европската Унија. Правилото сега првенствено се користи за припејд дебитни картички, објасни Валфелс.

Валфелс тврди дека многу компании што прават слични производи, како што се stablecoins поддржани од девизи, првично ја дизајнираа оваа технологија и бараа регулаторите да ја одобрат. Monerium наместо тоа одлучи да ја базира својата технологија на постоечки сет на правила. Валфелс изјави:

“Ние веруваме дека законот е исто така протокол.”

Како функционира

Банките прават пари со претворање на депозитите од клиенти во заеми на должници. ЕMI се поконзервативни со депозити.

Од забелешките на Егилсон:

“За разлика од банкарските депозити, електронската институција (ЕMI) мора да ги заштити средствата на клиентите одделно од какви било други финансиски активности, како што е кредитирањето. Наместо тоа, средствата на клиентите се инвестираат во сегрегирано портфолио на висококвалитетни ликвидни инструменти, заедно со регулаторните минимални резерви. Структурата е слична на високо квалитетен фонд за акции.”

Идејата е дека ЕMI-модел им нуди на потрошувачите поголема заштита. Девизите во ЕMI мора секогаш да бидат откупени без услови.

Со ставање на е-пари на блокчејн, исто така, добиватр прекугранични плаќања без финансиски посредник. Компанијата планира да започне со исландска крона (ISK). Откако ќе биде пуштена лајв, верзијата на ISK Monerium ќе биде употреблива низ цела ЕУ и наскоро треба да биде употреблива во многу други делови на светот со слични регулаторни рамки.

Како регулиран начин на плаќање, ги следи типичните процедури како know-your-customer и тие против перење на пари познати низ целиот развиен свет.

Светот на глобалните валути поддржани од девизи станува малку преполн. Конзорциумот CENTRE креиран од Circle и Coinbase е дизајниран да им овозможи на институциите-членки да издадат свои сопствени stablecoins поддржани со девизи. Претходно оваа недела, иницијативата се отвори за нови членови. “GlobalCoin” на Faacebook, исто така, се вели дека е поддржан од мноштво девизни валути.

Monerium се уште е во затворена бета верзија. За своите најрани партнери, е-парите ISK ќе бидат достапни за неколку дена, изјави Валфелс. Валфелс процени дека уште во четвртиот квартал на 2019-та, е-парите ISK треба да станат достапни за поширока публика.

Leave a comment