Исламската финансиска институција во партнерство со стартап за развој на меѓубанкарските блокчејни алатки

Развојната институција на Саудиска Арабија, Islamic Development Bank Group (IsDB), се здружи со Туниски стартап за развивање на меѓубанкарски блокчејн алатки, беше потврдено во соопштението за печатот на 29-ти ноември.

IsDB, која ќе го спроведува проектот преку подружницата на приватниот сектор, Islamic Corporation for the Development of Private Sector (ICD), сака да го подобри управувањето со ликвидноста на исламските финансиски институции и да ја зголеми севкупната ефикасност.

Институцијата потпиша договор со iFinTech Solutions, со седиште во Тунис, посветена единица која се опишува себеси како “инвестициско советодавно претпријатие фокусирано на алтернативни финансиски решенија базирани на исламски принципи”.

Желбата за користење на блокчејн за иницијативата лежи во релативната неповолна положба на исламските банки на светско ниво, при што институциите се ограничени од можностите за финансирање што ги обезбедуваат меѓународните централни банки, објави Reuters на 3-ти декември.

Aјман Сеини, извршен директор на ICD, додаде во соопштението за печатот:

“IT секогаш ќе игра важна улога за финансискиот систем. Ние постојано ќе ја следиме нашата стратегија за ориентација на услугите и ќе им помогнеме на нашите партнери со иновативни FinTech решенија во согласност со шеријатот.”

Саудиска Арабија традиционално копира многу други држави во одржувањето на став кон избегнувањето на превземање ризици околу криптовалути додека го поддржува блокчејнот.

Во септември, и земјата со своја банка за првпат се приклучи на Corda платформата на R3 блокчејн конзорциумот, еден месец откако регулаторите ги предупредија корисниците да не тргуваат со крипто средства.

Дебатата околу компатибилноста на индустријата со исламот, исто така, продолжува, како што Турција усвои конзервативен став кој подоцна се покажа особено непопуларен со една џамија во Велика Британија.

Минатата недела, банка со седиште во Абу Даби, исто така, објави дека ја завршила “првата” сукук (правен инструмент, исто така познат како “обврзници во согласност со шеријатот”) блокчејн трансакција.

Leave a comment