Ирски универзитет ќе нуди блокчејн мастер студии по новото партнерство

Dublin City University соработуваше со технолошката мрежна компанија Technology Ireland ICT Skillnet да се создаде првата мастер програма во земјата за блокчејн технологија. Новата образовна сертификација беше објавена од Министерството за бизнис, претпријатија и иновации на Ирската влада на 29-ти мај.

Степенот “Магистер во блокчејн: Дистрибуирани технологии” е кулминација на напорите на ICT Skillnet да ги идентификува вештините што идните инженери треба да ги научат за блокчејн, со помош на блокчејн образовниот центар Blockchain Ireland.

Курсот наводно, ќе се спроведува онлајн како двегодишен part-time курс, кој ќе започне со својата прва група студенти во септември 2019-та година. Курсот е наменет за IT професионалци кои работат во Ирска, по можност со степен 8 (2.2) или повисоко во компјутерски науки, компјутерски апликации или сродна дисциплина.

Менаџерот за технологија на Technology Ireland ICT Skillnet, Дејв Финан, коментираше:

“Овој нов мастер ќе и обезбеди на Ирска вистинска можност да ги дообразува нашите веќе одлични IT професионалци, подготвувајќи ги за работни места во иднината. Синергијата помеѓу индустријата и образованието значи дека овие професионалци ќе имаат практични алатки потребни за да ги донесат придобивките од блокчејн технологијата во различни сектори.”

Инаугурацијата на програмата на новиот мстер се случи за време на Blockchain Ireland неделата, владина кампања за подигнување на свеста и поддршка за блокчејн индустријата во Ирска.

Минатото лето, IDA Ireland, агенција одговорна за привлекување на странски директни инвестиции, започна кампања за промовирање на развојот на блокчејната индустрија во земјата. Со 12,5% корпоративна каматна стапка, Ирска се претстави како поволна земја за технолошки бизниси во последниве години.

Како што неодамна објавија крипто медиумите, Универзитет на Пенсилванија од Американската Ivy League објави дека нуди онлајн fintech програма, која вклучува теми за блокчејната технологија и криптовалутите. Курсот е понуден од страна на Wharton School, Wharton Online, и се нарекува “Fintech: Foundations and Applications of Financial Technologies.”

Leave a comment