Ирска бара блокчејн решенија за решавање јавни проблеми

Малта можеби не е единствениот блокчеjн остров – барем не за многу долго. Република Ирска се обидува да постави практични решенија за DLT на тест, со дводневен настан “Blockathon Ireland” за да го потврди статусот на земјата како главен блокчејн центар.

Учесниците ќе бидат претставени со бројни потенцијални деловни проблеми, за кои ќе произведуваат решенија со користење на блокчејн и дистрибуиран ledger. Овие проблеми покриваат неколку случаи на употреба, кои се движат од следење на медицински помагала, до следење на дистрибуцијата на државната помош и усогласеноста.

Blockathon Ireland ќе биде спонзориран од страна на Министерството за финансии и Одделот за јавни расходи и реформи. Силната владина поддршка јасно укажува дека и покрај тоа што ја донесе Петтата Директива на ЕУ за спречување на перење пари во јуни минатата година, Ирските власти ја сметаат земјата за иден блокчејн центар.

“Блокчејн технологијата предложи нови економски, деловни, социјални и технолошки модели кои имаат потенцијал за значително влијание врз бизнисот и општеството”, изјави Паскал Донохју, министер за финансии и јавни расходи и реформи. “Нашата Влада вети дека ќе воведе иновации во дизајнирањето на политиката и испораката на услуги, како и да промовира култура на иновации во нашите јавна служби”.

Според министерот, владата е на мисија да промовира иновации во своите јавни услуги, преку ефективна употреба на нови технологии со потенцијал, како што се DLT.

Blockathon Ireland не е првиот настан кој бара промоција и пролиферација на блокчејн технологијата во Републиката. Во 2016-та година, Универзитетот во Даблин беше домаќин на сличен блокчејн хакатон, кој се покажа како голем успех. Сега, директното вклучување и интересот на двете владини министерства придонесуваат доста легитимност на новонајавениот настан.

Учесниците на Blockathon Ireland во 2019-та година ќе бидат оценети за релевантност, решение, иновација и Proof-of-Concept, од страна на панел составен од локални лидери и експерти, како што е основачот на lemmingchain.io, Тони Винтерс и Конор Кантвел од  COSIMO Ventures.

Фокусот на решенијата за јавни услуги не е случајно: преку вакви услуги – особено на ниво на корисничко искуство на граѓаните – може да се направи значителен напредок кон популаризација на технологијата. Успешните проекти ќе добијат дел од наградниот фонд од 8.500 евра.

И покрај неколкумина големи лидери во блокчејн – како што се ConsenSys, Mastercard и Deloitte – ангажирани во агресивни вработувања во земјата, околу 75% од анкетираните луѓе во едно неодамнешно истражување велат дека не се заинтересирани да работат во оваа област. Најчесто цитирана причина беше нивниот недостаток на разбирање за блокчејната технологија.

Сега Ирската влада се надева дека ќе го промени тоа, со промоции како Blockathon Ireland, дизајнирани да поттикнат и наградуваат експериментирање во дистрибуирани ledgers.

“Blockathon Ireland нуди единствена можност да го истражи потенцијалот на блокчејн”, изјави државниот министер Патрик О’Донован. “Министерот Донохју и јас ја поздравуваме можноста да понудиме платформа за конструктивна соработка со цел да ги истражуваме можностите на новите технологии во јавните служби”.

Leave a comment