Иран ги признава Биткоин и криптовалутите како официјална индустрија

Економската комисија на Иранската влада го одобри механизмот за крипто фармање во земјата, според соопштението на Иранската стопанска комора за индустрии, рудници и земјоделство на 22-ри јули.

Економската комисија на Иран го одобри механизмот за крипто-фармање

Гувернерот на Централната банка на Иран (CBI), Абдолнасер Хемати, изјави дека “механизам за фармање дигитални монети е одобрен од страна на владината економска комисија и подоцна ќе биде ставен за дискусија на состанокот на кабинетот”.

Првично, Иранските власти објавија дека планираат да го овластат фармањето Биткоин и криптовалути претходно во јули, кога гувернерот на CBI, Абдол Хемати, наводно тврдеше дека Иранската влада одобрила некои делови од извршен закон со кој би се дозволило фармање на криптовалути во Иран.

Во тоа време, Хемати тврдеше дека фармачите на дигитални валути во Иран треба да придонесат за економијата на земјата, наместо да дозволат исфарманиот биткоин (BTC) да ја напушти земјата.

Исто така, на последната средба на Комисијата, нејзиниот шеф Елјас Хазрати рече дека криптовалутите сега се официјално признаени од владата, додавајќи:

“Ние веруваме дека крипто индустријата треба да биде признаена како официјална индустрија во Иран за да и ‘овозможи на земјата да ги искористи нејзините даночни и царински приходи”.

Крипто фармачката индустрија конечно го добива својот облик во Иран

Денешните вести, исто така, го следат финализирањето на тарифната шема за крипто фармачите од страна на Комисијата на 21-ви јули. Министерот за енергија, Хомајон Хаери, не ја специфицираше точната цена на шемата, но изјави дека цената зависи од пазарните фактори како што се цените на горивото во Персиски Залив.

Исто така на 21-ви јули, заменик-претседателот на Царинската управа на Исламската Република Иран (IRICA), Џамал Арунаги, објави дека агенцијата сè уште не издала дозволи за увоз на опрема за крипто фармање. Министерот изјави дека ако владата одобри увоз на крипто фармачка опрема, IRICA ќе развие сродни директиви.

Спротивно на тоа, Индискиот владин панел денес препорача да ги забрани криптовалутите и да наметне санкции за сите зделки поврзани со крипто-средства во земјата.

Leave a comment