Иранските власти конфискуваа 1000 машини за биткоин фармање

Властите во Иран конфискуваа околу 1000 единици на машини за биткоин фармање од две сега непостоечки фабрики, објави BBC на 28-ми јуни.

Како што објавија, локалните власти забележаа пораст на потрошувачката на електрична енергија за 7% во јуни и го поврзаа истото со крипто фармачки активности. Официјалните лица подоцна го откриле и отстраниле фармачкиот хардвер од две поранешни фабрики.

Араш Наваб, претставник за електрична енергија, наводно изјавил дека “две од овие биткоин фарми се идентификувани, со потрошувачка од еден мегават”.

Истражувачите на Оксфорд за BBC изјавиле дека Иранците се повеќе се осврнуваат кон криптовалутите како на пр. биткоин како средство за прекршување на санкциите.

Крипто медиумите неодамна објавија дека Иранските биткоин фарми се преселиле во џамии, додека владата започна со енергетска акција. Иран, кој нуди бесплатна енергија за џамии, сега има околу 100 фарми кои окупираат места за богослужба, генерирајќи околу 260.000 долари годишно.

Иранската влада на тој начин ќе ја прекине струјата за крипто-фармање сè додека не се одобрат новите цени за електричната енергија. Мостафа Раџаби Машхади, официјален претставник на Иранското министерство за енергетика, наводно изјави дека крипто фармачите “ќе бидат идентификувани и нивната електрична енергија ќе биде намалена”, додавајќи дека министерството мора да ги спроведе таквите дејства, бидејќи сегашната прекумерна потрошувачка на електричната енергија “предизвикува проблем за другите корисници”.

Неовластената употреба на електрична енергија за крипто фармањето стана широко распространета. Неодамна, полицијата во Кина, собрала докази за луѓе кои поставуваат кабли преку рибници за крадење на нафтените извори за да ги користат за својот фармачки хардвер.

Во Германскиот град Клингентал, полицијата наводно, следела систем од 49 компјутери кои работеле во просториите на поранешна компанија за електрични услуги. Од 2017-та година, биткоин фармата, потрошила толку електрична енергија како 30 домаќинства, при што штетата за погодениот снабдувач на електрична енергија се проценува на околу 200.000 евра (250.053 долари).

Leave a comment