Иранската влада го овластува крипто фармањето како индустриска активност

Иранската влада го овластила крипто farmaweto како индустриска активност.

Извештајот на новинската агенција Mehr на 29-ти јули објави дека одлуката била донесена овој викенд, за време на владината седница со која претседаваше Иранскиот претседател Хасан Рухани.

Прв чекор кон легализација на крипто?

Сега кога фармањето е официјално дозволено, субјектите вклучени во активноста ќе треба да побараат дозвола од Иранското Министерство за индустрија, рудници и трговија, се вели во извештајот.

Mehr News тврди дека многу експерти го толкуваат овој потег како прв чекор кон легализација на криптовалути во Иран, истакнувајќи ја потенцијалната употреба на класата на средства за да се спротивстават на санкциите на САД врз земјата.

Одлуката на владата, сепак, наводно, нагласи дека користењето на криптовалути за домашни трансакции останува забрането и дека оние кои се ангажирани во оваа индустрија треба да сносат одговорност за ризиците без никакви гаранции од владата или од локалниот банкарски сектор.

Субвенционираните стапки на електрична енергија – моментално половина цент за киловат – во Иран, наводно, дури ги поттикнале фармачите од фармачките центри како Кина да ги пренесат своите операции во земјата, објави новинската агенција Mehr.

Еволутивен став кон крипто фармањето

Иранскиот Синдикат за електрична индустрија неодамна ја откри својата намера да ги зголеми цените на електричната енергија до 7 центи за киловат за фармачите. Властите продолжија да дебатираат како да се справат со зголемената популарност на оваа активност во земјата, при што еден владин министер забележа дека Иран стана “рај за фармачи”.

Вестите околу плановите за овластување на крипто фармањето во земјата се појавија претходно овој месец, кога Абдолнасер Хемати, гувернерот на Централната банка на Иран, посочи дека Економската комисија во принцип ја одобрила идејата и ќе ја истакне за идната дискусија од страна на Кабинетот.

Комисијата, според изјавата на Хемати, смета дека “крипто индустријата треба да биде признаена како официјална индустрија во Иран за да и ‘овозможи на земјата да ги искористи даночните и царинските приходи”.

Властите даваа отпор кон неовластено фармање претходно ова лето, конфискувајќи околу 1000 единици на машини за фармање од две сега непостоечки фабрики и ја прекинаа електричната енергија за фармачите пред планираното зголемување на нејзината цена.

Leave a comment