Интересот за ‘крипто професиите’ се уште е висок

Интересот кај работодавците и барателите на работа за работните места со блокчејн и криптовалути е намален во изминатата година, покажуваат новите податоци.

Според бројките доставени од еден од најголемите сајтови за работни места, Indeed.com, барањето за работни места поврзани со биткоин, блокчејн и криптовалути, падна за 3,06 проценти од октомври 2017-та до октомври 2018-та година (сина линија на графиконот подолу).

Во меѓувреме, интересот на работодавачот за таквите работни места – односно бројот на објави за работа – се зголемил за 25,49 проценти во текот на истиот период (црвена линија на графиконот).

Статистиката прикажува “многу поинаква” слика од минатата година, изјавија од Indeed.

Во годината од октомври 2016-ta до октомври 2017-ta година, интересот за ваквите работни места се зголеми за 481,61 отсто, додека интересот на работодавачите се зголеми за 325 отсто.

Раџ Мукерџи, виш заменик претседател за продукти, изјави:

“Додека во текот на последните неколку години Indeed видоa постојан пораст на интересот за работни места поврзани со криптовалути, нашите податоци покажуваат дека пребарувањата за овие места навистина земаа замав околу времето кога цената на биткоин беше на највисоко ниво. Оттогаш интересот на лицата што бараат работа опадна, но сепак останува силен”.

Друг извештај од порталот за работни места Glassdoor, објавен минатиот месец, укажа на зголемување на работните места во САД за 300 отсто, во споредба со август оваа година. Средната плата, исто така, се зголеми за 61,8 отсто на 84.884 долари годишно за работни места поврзани со блокчејн, се вели во извештајот.

Leave a comment