Институт за децентрализирана економија беше лансиран во Велика Британија за да ги проучува блокчејн економските системи

Институтот за децентрализирана економија (IDE) беше отворен во Лондон, Велика Британија на 14-ти февруари, според соопштението за печатот.

Тој е посветен на проучувањето на економските системи базирани на блокчејн и нивното влијание врз постојните институции, и поддржан од fintech компанијата Sweetbridge. Наводно, тој е дизајниран да го испита потенцијалот на децентрализираните и автономни системи и да најде случаи за нивна вистинска употреба.

Според соопштението за печатот, идејата зад IDE е “да им помогне на организациите подобро да ја разберат економијата што лежи во основата на блокчејн индустријата”. IDE, исто така, ќе го проучи дизајнот и одржливоста на stablecoins и како соработуваат владината политика и “крипто-економските” технологии.

Sweetbridge наводно ќе го олесни истражувањето и ќе привлече играчи поврзани со блокчејн индустријата од различно потекло и експертиза – вклучувајќи ги и претприемачите, корпорациите и владите – додека активностите на IDE ќе бидат поставени од страна на IDE Foundation Council.

Во јануари, еден голем Кинески истражувачки универзитет започна со научно-истражувачка стипендија со поддршка од платежната блокчејн фирма Ripple. Програмата, наводно, има намера да ги собере најдобрите студенти на постдипломски студии во Кина во 2019-та година за да ги проучи глобалните правила за блокчејн и развојот на оваа индустрија.

Истиот месец, Корпорацијата за економски развој на Њујорк (NYCEDC) објави дека го отвара својот блокчејн центар во Менхетен, кој наводно, ќе понуди образовни услуги ориентирани кон блокчејн за општата јавност, како што се часови за програмирање за девелоперите на софтвер.

Leave a comment