Инсталирањето на поткожен Биткоин паричник е само за похрабрите

Во 2014-та година, Холандскиот претприемач Мартин Висмајер станал познат со тоа што вградил биткоински паричници под неговата кожа. Оттогаш, разни cypherpunks и технолошки ентузијасти вградија микрочипови во нивните раце. Секој кој е заинтересиран за “чипување” на био-имплантиран биткоин паричник, треба да биде претпазлив, бидејќи постапката не е за тие со слабо срце.

Биткоин паричници под кожата

Идејата за вградување на уред со интегрирано коло или идентификациски транспондер со радио-фреквенција (RFID) вграден во вашата кожа, најверојатно, се чини како од иднината. Меѓутоа, во текот на годините различни крипто ентузијасти се вклучија во био-хакерство со вградување на микрочип кој содржи биткоин паричник во нивна рака. На 15-ти март, новинарката Бејли Реутцел неодамна напиша како ја добила “Mark of the Beast” и објаснила како ќе го содржи нејзиниот биткоин. Реутцел изјави дека била инспирирана кога првпат се сретнала со Мартин Висмајер, познат како “г-дин. Биткоин.

Мартин Висмајер, ака “г-дин. Биткоин” добива два биткоински паричници инсталирани во 2014-та година. Чипсет со NFC тип 2 содржи 880 бајти на податоци.

Во 2014-та година, бројни медиуми објавија за биткоинските паричници на Висмеијер вградени во секоја од неговите раце. Двата паричници беа NFC од тип 2 сетови на чипови за складирање. Во 2016-та година, репортерот на Buzzfeed Чарли Варзел, опиша како го добил биткоинскиот паричник вграден во раката во “What the Mark of the Beast taught me about the future of money.”

Можеби сте љубопитни да дознаете кој ги снабдува овие микрочипови, како се спроведува постапката и колку чини да се “чипувате”. Еден од најпопуларните добавувачи на био-имплантирани чипови, Dangerous Things, проценува дека бројот на поединци кои се чипувани изнесува околу 100.000. Dangerous Things веруваат дека “биохакувањето е следната фаза на човечката еволуција”.

Извршниот директор на Dangerous Things, Амал Граафстра

Компанијата продава неколку био-чипови, вклучувајќи Vivokey spark  (134 долари), XDF2 Desfire (139 долари), Xnt NFC чип (99-173 долари), Flexnt (149 долари) и Vivokey Flex one (1.000 долари). Dangerous things, па дури и веб-страницата на Vivokey истакнуваat дека овие чипови треба да ги инсталира професионалец. Брзо пребарување на Google ќе покаже професионалци за био-хакерство и пирсинг студија кои можат да ги инсталираат микрочиповите. На пример, може да одите во Calm Body Modification клиниката во Стокхолм за да се добие субдермален имплант.

Био-чипови и процедури за импланти можат да чинат меѓу 600 до 2500 американски долари по чип

Dangerous Things, исто така, продаваат пакетчиња со други видови додатоци кои формираат цел киборг комплет. Постарите био-чипови обично се со големина на зрно ориз и обично се залепени со силикатно стакло, но во последните две години на пазарот се појавија пофлексибилни верзии. Покрај способноста да се чува биткоин-паричник под кожата, субдермалните био-чипови можат да ги содржат сите видови на информации, вклучувајќи единствен идентификациски број, лична идентификација, медицински фајлови и информации за контакт.

Освен од Dangerous Things, луѓето исто така можат да купат био-чипови од компании како Digiwell и Ksec Solutions. Се плаќа меѓу 99-1000 американски долари за типичен чип од силикатно стакло или flex чип, и очекувајте да доплатите уште 500 до 1.500 долари за постапката. Можете исто така да најдете разни продавници кои ќе ја изведат инсталацијата на био-чип со пребарување на еден од најголемите ресурси во Body Modification Ezine.

Наместо да го отфрлите концептот како чуден, многу луѓе целосно веруваат дека светот ќе биде воден од напредокот на футуризмот, а луѓето во крајна линија ќе бидат поврзани со вештачката интелигенција. Некои се убедени дека биткоин е дел од оваа еволуција во сингуларност и био-чипови кои обезбедуваат сигурни крипто плаќања и ќе им овозможат на луѓето да комуницираат со дигиталниот свет како никогаш досега.

Leave a comment