Исландската индустрија се префрли од крипто-фармање во “Чист блокчејн бизнис”

Исландската крипто-индустрија се очекува да се оддалечи од крипто-фармањето и да се префрли на “чисти блокчејн бизниси”. Ова е според предвидувањата на голем број локални инсајдери во индустријата кои разговараа со весникот Red Haring на 23-ти септември.

Халдор Јоргенсон, претседател на Borealis Data Center од Рејкјавик, за Red Haring изјавил дека побарувачката од локалните крипто и блокчејн објекти “се повеќе се менува кон бизнисот со чист блокчејн”, наместо да се фокусира на биткоин фармањето.

Според Јоргенсон, лудилото околу фармањето биткоин (BTC) се намали на ниво кое не е толку “лудо како што беше пред една година”, кога криптовалутата ја погоди својата највисока цена. И покрај тоа, претседателот посочи дека “бранот” на фармањето Биткоин придонесе за побрз раст на локалните енергетски и податочни индустрии, чии добро развиени инфраструктури сега се очекува да обезбедат поттик за бизнисите поврзани со блокчејн.

Исланд стана еден од лидерите во крипто-фармањето поради својата природна ладна клима, како и изобилството на рентабилни обновливи извори на енергија – главно геотермална и хидроелектрична. Земјата е дом на една од петте најголеми крипто-фарми во светот, чиј оператор Genesis Mining, наводно, е најголемиот потрошувач на електрична енергија во Исланд.

Во февруари, Јохан Снори Сигерберссон, менаџер за развој на бизнисот на локалниот енергетски снабдувач HS Orka, предвиде дека обемот на крипто-фармањето во Исланд, најверојатно, ќе се зголеми во 2018-та година.

Главниот извршен директор на HS Orka, Азгеир Маргеирсон, во јули тврдеше дека индустријата за крипто-фармање ја поттикнува “четвртата индустриска револуција”, додека директорот на Исландскиот институт за интелигентни машини изјави дека фармерите на биткоин се “од централна важност за индустриската револуција што се уште е во тек”.

Сепак, Сигурберсон од HS Orka, исто така, тврдеше дека Биткоин “веројатно нема да биде тука далеку во иднина”, тврдејќи дека центрите за податоци кои во моментов се користат од фармерите на крајот ќе станат нови технолошки инкубатори.

Претходно оваа недела блокчејн технолошката група Bitfury го објави лансирањето на новата генерација на BTC хардвер за фармање, со планови да ги користи новите машини во своите фармачки центри во Канада, Норвешка, Исланд и Грузија.

Leave a comment