Индустриската и комерцијална банка на Кина ќе ја прифати блокчејн технологијата

Претседателот на Индустриска и комерцијална банка на Кина (ICBC) изјави дека банката ќе се фокусира на развојот на блокчејн технологијата, објави BiaNews на 1-ви септември.

Основана во 1984-та година, ICBC е, наводно, најголема банка во Кина со над 5.000 корпорации и 530 милиони лични клиенти. Во 2017-та година, банката се фокусираше на изградба на “интелигентно банкарство” и “забрзано распоредување во областа на финансиските технологии.”

Претседателот на ICBC, Ји Хуиман, наводно, изјави дека финансиската институција ќе се фокусира на иновациите во cloud computing,  big data, вештачката интелигенција (AI), блокчејн и Internet of Things  (IOT).

Според BiaNews, банката ќе работи на пронаоѓање случаи на употреба за “паметно банкарство”, кое, наводно, помага да се подобри услугата во финансискиот екосистем и да се обезбедат финансиски податоци што се делат со трети лица.

Додека Кина е позната по својот негативен став кон дигиталните валути, со затегнување на прописите за крипто од септември 2017-та година, земјата ги прифати придобивките од блокчејн и активно работи на развивање и примена на технологијата во разни индустрии.

Минатата недела, Беичујан Кианг автономен округ од Кинеската провинција Сечуан и Beijing Sinfotek Group заеднички основаа нова блокчејн компанија, за “економскиот развој на шумарството и индустриско намалување на сиромаштијата.”

Во почетокот на август, Комунистичката партија на Кина (CPC) објави резиме на блокчејн технологијата и нејзините можни примени. Со воведувањето на книгата, CPC, наводно, има за цел да им помогне на владините власти во разбирањето на концептот на дистрибуираната ledger технологија (DLT) и да ги разгледаат придобивките и предизвиците од усвојувањето на блокчејн на национално ниво.

Leave a comment