Индија може да легализира крипто, но под ‘силни’ правила

Индиската влада би можела да ги легализира криптовaлутите, но со строги услови и критериуми, вели новинскиот извештај.

Според натписот на New Indian Express објавен во средата, интердисциплинарен комитет формиран од страна на владата за истражување на криптовалути, не им е во полза директна забрана.

Анонимен висок функционер кој присуствуваше на состаноците на комитетот, изјави за весникот:

“Веќе имавме две средби. Постои општ консензус дека криптовалутите не може да се отфрлат како сосема незаконски. Треба да се легализираат со силни поддржувачи. Различни мислења и дискусии се вклучени.”

Владата го формираше комитетот во април 2017-та година со надлежност да ја разгледа постоечката законска рамка поврзана со дигиталните валути и да предложи нови мерки за справување со технологијата, вклучувајќи ги и прашањата околу заштитата на потрошувачите и перењето пари. Како негови членови се вклучени претставници од владини институции за економија и оданочување, како и централната банка и други агенции.

На вториот собир на групата сега се очекува да го достави својот нов извештај до Министерството за финансии до февруари 2019-та година.

Оваа статија очигледно укажува на омекнување на ставот од страна на комитетот, кој во октомври, препорача владата да развие “соодветна правна рамка за забрана за користење на приватни криптовалути во Индија”.

Понатамошно опаѓање на индустријата за криптовалути во земјата, во услови на збунувачки пораки во врска со правниот статус на биткоинот и другите криптовалути, е априлската наредба од страна на Резервната банка на Индија, Централната банка на Индија, која ги спречи домашните банки да обезбедуваат услуги за крипто фирми, како што се берзите.

Оттогаш берзите се обидуваат да ги задржат своите бизниси од неуспех, влегувајќи во правни жалби за поништување на забраната на RBI во Врховниот суд во земјата. Барајќи упатства, судот на 26-ти октомври побара од владата да даде свое мислење за криптовалутите  во рок од две недели.

Додека, сеуште не е направена официјална најава за да се обезбеди барем некаква насока, ситуацијата веројатно ќе се промени во наредните месеци.

Со Индија како членка на групата Г-20, сите правила за управување со локалниот крипто простор можат да бидат под влијание на планираните регулаторни насоки од меѓународниот економски форум, се додава во извештајот.

Официјалниот претставник изјави за New Indian Express:

“Ние, исто така, ги имаме предвид вложувањата од крипто берзите и експерти и ќе ги разгледуваме правните прашања кај Министерството за правда. Тоа е комплицирано прашање. Откако ќе се одлучат сите аспекти, тогаш ќе имаме поголема јасност.”

Leave a comment